3.8 C
Скопје
04:09 - 21 декември, 2024

Дневен хороскоп за ден 02.01.2020: Бикот ќе ја запознае сродната душа, а Раковите ќе блеснат на работното место

хороскоп

ОВЕН
Ви претстои обнова на контакти со деловни соработници од странство. Во се ќе бидете најдобри. Денот е одличен за неофицијална дружба на кафе или покрај телевизор со саканата личност. Едноставно пуштете спонтаноста да ве води. Најверојатно сте во право за некоја одлука. Здравјето добро ве служи.

БИК
Ќе ги зајакнете врските со колегите од истата бранша, но од други места. Ќе размените искуства. Оние кои ја бараат сродната душа, би можеле да ја препознаат во една необична личност која е оригинална или личност која не е од тука. Споете ги крајот со почетокот.

БЛИЗНАЦИ
Запомнете дека никого не треба на ништо да го наговорите, тоа е само трошење на ваше скапоцено време. Вие ништо не препуштате на случајноста, но овој пат ќе мора да се случи. На вас останува да станете позрели и повеќе да ги почитувате другите. Бидете чесни спрема себе и спрема другите.

РАК
Некои Ракови навистина ќе блеснат на работното место, бидејќи нивната работа ќе ги заинтригира и другите и нема да можат да одолеат. Денес е ден пред вас каде што нема најубаво да се разберете со саканата личност. Обидете се да бидете толерантни и мирувајте.

ЛАВ
За да ја развиете работата свесни сте дека ви треба млада сила, затоа денес ќе започнете конкретни потези во тој правец. Отвореноста кон другите и привлечноста се сигурни добитни комбинации во љубовниот живот. Помогнете на кого му е потребна помош.

ДЕВИЦА
Можно е да се впуштите во финансиски ситуации кои ветуваат, но се прилично ексцентрични. Проверете ја легалноста.  Недостатокот во личните односи денес ќе го надоместите со поголем „ангажман“ во сексот. Слушајте ја интуицијата.

ВАГА
Некои ќе посакаат мал годишен одмор, додека други ќе тргнат во мала авантура која долго време ги очекува. Ќе имате и одлични и необични идеи како да го подобрите сексуалниот однос. Партнерот ќе ве слуша со целосно внимание. Здрајето ќе ви се подобри.

СКОРПИЈА
Некои ќе бидат спремни да ги рушат сите традиционални обичаи, бидејќи им е јасно дека мора некои работи да се сменат од корен. Ќе се затекнете во ситуација каде ќе можете да ги проширите своите контакти. Тоа ќе биде одлична можност за оние кои бараат друштво. Започнете да вежбате.

СТРЕЛЕЦ
Во работата ќе покажете истрајност на која многумина ќе ви завидуваат. Сите ќе ве прашуваат за совети. Како што ќе изминува денот вие ќе станувате се похрабри во љубовните подвизи. Ќе добиете помош од вашата интуиција.

ЈАРЕЦ
Иако сите ќе ве стават во прв план, вие ќе чувствувате потреба малку да се повлечете. Тие што се во врска ќе се обидат во секојдневието да внесат нешто ново и оригинално, а оние што се сами ќе се занимаваат со своето хоби. Немојте да оговарате.

ВОДОЛИЈА
Ќе се мерат вашите достигнувања, па обидете се да ве приметат. Доколку нешто не ви е јасно, објаснете. Забавувањето е интересно, но личните односи може да бидат или на најниско ниво или на површината. Ќе издржите. Бидете редовни во рекреацијата.

РИБИ
Од вас и понатака ќе се бара прилагодување и спремност да прифатите нешто што не сте очекувале. Денес ќе бидете особено иновативни. Можни се некои брзи потези за кои морате да размилите поубаво да не ја вознемирите другата страна. Немојте да мислите дека се се врти околу вас, имајте обзир за другите.

Слични објави

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Хороскоп за 19 декември: Биковите ќе „пливаат“ во пари, Близнаците ги очекува динамичен ден во љубовта

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

Хороскоп за 17 декември: Овните ги очекуваат промени, Лавовите ќе уживаат во љубовта

apostolova

Хороскоп за 16 декември: Стрелците ќе имаат љубовна авантура, Јарците ги очекува финансиски успех

Еспресо

Хороскоп за 15 декември: Вагите ќе имаат среќа во љубовта

Еспресо
Се вчитува....