-4.2 C
Скопје
01:57 - 23 декември, 2024

Дневен хороскоп за 24 ноември: Ќе бидете расположени за љубов и за покажување емоции

Овен
Ќе уживате во многу убави мигови со партнерот. Иако ќе бидете принудени да работите прекувремено, тоа нема да ви биде тешко, бидејќи материјалната награда нема да отсуствува. Денес ви се наметнати големи обврски и одговорности и на деловно и на приватно поле. Ќе бидете расположени за самостојна работа, но ќе бидете отворени и за соработка.

Бик
Работите на професионално поле нема да одат според планот. Разочарани сте и потребно е да ги менувате ставовите. Ќе ви биде полесно кога ќе прифатите промени на емотивното поле. На слободните им претстои можност за ново познанство и контакт со личноста која ги заинтересирала. Со таа личност, извесно време ќе си играте мачка – глушец.

Близнаци
Не е поволен ден, па можно е да имате компликации и проблеми. Ќе имате впечаток дека работата ви ја црпи енергијата што ја имате. Обидете се да останете мирни и трпеливи. Во вашата работа ќе се вклучат нови луѓе, со кои ќе мора да научите да комуницирате. Ќе има мали несогласувања. Со саканата личност ќе разговарате за промени во врската.

Рак
Некои напнати моменти сте ги оставиле зад себе, но сѐ уште чувствувате нервоза бидејќи количината на деловно обврски ви е голема, а вашите рокови за завршување се кратки. Иако важите за толерантна личност, вашето трпение попушта, што ќе резултира со чести караници со партнерот. Еден колега ќе ви помогне да ја завршите работната задача

Лав
Можно е да се зближите со некои луѓе, а очекувајте и дружба со некој со кого претходно не сте ни замислувале. Денес е возможно сè. Ќе си ги олесните себеси работите, но и на оние околу вас, благодарение на вашата досетливост. На љубовно поле бидете подготвени во секој момент да донесете радикална одлука во врска со односот со партнерот.

Девица
Под голем притисок сте на работа и чувствувате дека тоа нималку не ви годи. Доаѓа време кога треба малку да забавите. Партнерот ви е максимално посветен и задоволни сте кога сте покрај него. Употребете ја имагинација во комуникацијата со личноста која ви значи, и ќе ви стане врската поинтересна и посигурна.

Вага
Ќе бидете расположени за љубов и за покажување емоции, па така и ќе постапите, некои ќе си ја отворат душата. Борбите што ги водевте на деловно поле, сега ви носат победи, а тоа ве поттикнува и натаму да се развивате. Знаете како да ги решите туѓите проблеми, но немојте премногу да навлегувате и да се мешате. Некогаш е подобро да останете настрана.

Скорпија
Треба да го избегнувате сето она што е мирно, пасивно, без секојдневни предизвици. Ќе бидете упорни, но сепак, флексибилни истовремено и нема ништо да форсирате. Во текот на овој ден обидете се да не летате премногу високо, туку спуштете се на земја и бидете она што сте покрај партнерот. Со него бидете целосно искрени околу некои работи.

Стрелец
Можно е да станувате посесивни во односот со личноста која ви значи и љубомората ве мачи. На деловно поле, ќе дадете сѐ од себе да напредувате. Ќе направите сѐ да дојдете до нови контакти. Пред вас е ден полн со предизвици, во кој ќе мора да разграничите што сакаат шефовите, кои се целите, кој е пријател, а кој непријател.

Јарец
Денес ќе сакате мирни средби со вашиот сакан, а не бурни забави. Не плашете се да прифатите нови пријатели да го освежат вашиот социјален круг. Ширете ја мрежата од контакти. Пријателите ве обожаваат, а денес искрено ќе го почувствувате тоа. Ако во изминатиот период се сомневавте дека сте во вистинското друштво, сите сомнежи ќе испарат од вашата глава.

Водолија
Во изминатиот период, чувствувавте како да зборувате во расипан телефон и како никој да не ве слуша. Но, повторно ќе се чувствувате разбрано и сакано. На љубовно поле знаете како да се докажете и ќе одите во добра насока. Но, обидете се да не претерувате и да не ги правите работите кои навистина ја нервираат вашата сакана личност.

Риби
Преминете од зборови на дела. Сепак, постојат уште некои одложувања, поради што дел од работите чекаат. Ќе пронајдете позитивна поддршка во колега и ќе ги финализирате проектите што сте ги започнале. На емотивно поле нема веќе време за фантазирање, време е за градење иднина. Ќе бидете склони да ја идеализирате саканата личност.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....