19.8 C
Скопје
17:42 - 21 октомври, 2026

ФОТО: Меган Фокс за прв пат на јавен настан со раперот поради кој си го растури семејството

Profimedia

Американската актерка и манекенка Меган Фокс (34) и нејзиното ново момче Машин Ган Кели (30) за прв пат се појавија заедно на јавен настан и ги воодушевија обожавателите кои долго време немаа потврда за нивната врска.

Instagram
Instagram

Имено, актерката официјално ја потврди врската со помладиот рапер кога заедно се појавија на црвениот тепих на овогодинешното издание на „Американските музички награди“.

Убавата Меган блескаше на црвениот тепих во зелен фустан со интересен крој, додека Машин носеше чудна јакна – палто, широки панталони и сребрени чизми, а притоа јакната беше отворена на градите и ги откри неговите бројни тетоважи кои особено го привлекоа вниманието на публиката.

Profimedia
Profimedia

Меган блескаше во мини фустан кој ги истакнуваше нејзините зелени очи, додека во високите потпетици со синџири ги покажаа нејзините витки нозе.

Многу мажи му завидуваат на славниот рапер кој е во врска со познатата манекенка, која е сон на многу мажи ширум светот, а тој успеа да ја „фати“ на спотот за неговата песна „ Bloody Valentine “, која ја објави на почетокот на 2020 година и кога фановите почнаа да се сомневаат дека меѓу нив се случува нешто повеќе од пријателство и професионална соработка.

Instagram
Instagram

Меган, пак, се раздели од својот сè уште легален сопруг Брајан Остин Грин (47) со кого има три деца, а многумина ја критикуваат дека не им посветува доволно време на децата откако се вљубила во помладо момче, но неодамна актерката жестоко го негираше тоа.

Слични објави

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо

Лепа Брена го прослави роденденот: Еве колку години наполни, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

К.С.

„Немам ништо против сопругата на татко ми, повеќе ми пречеле партнерите на мајка ми“: Александар, синот на Тони Михајловски, искрено за односите во семејството

apostolova

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо
Се вчитува....