10.8 C
Скопје
02:15 - 6 мај, 2024

ДАЛИ СТЕ ВИЕ МЕЃУ НИВ?: Ова се најљубоморните и најпосесивните хороскопски знаци

Постојат некои хороскопски знаци кои не се воопшто љубоморни, други пак, се многу љубоморни и посесивни, до тој степен што го прават животот невозможен за оние што се со нив. Сепак, кои се најљубоморните знаци на Зодијакот и од што зависи ова мачно чувство?

Кој е вистинскиот Отело на зодијакот? Кој е најљубоморен од 12 -те хороскопски знаци?

Најљубоморните хороскопски знаци: 

Според западната астрологија, за да разберете дали имате темперамент што природно тежнее кон љубомора, треба да ги земете предвид не само хороскопскиот знак, туку и други фактори, како што е асцендентот (подзнакот).

1.

Знакот Шкорпија е многу страстен и секогаш се стреми кон прекумерни манифестации на своите чувства и расположенија. Се смета за претерано љубоморен хороскопски знак.

2.

Бикот е прилично посесивен, но ако нема основани сомневања за можно неверство, тој ја одржува својата смиреност.

3.

Љубомората на Ракот, пак, се базира на нeговата несигурност.

4.

Лавот, секогаш малку егоцентричен, сака да биде лидер и апсолутен протагонист на секое сценарио и е љубоморен ако не се чувствува дека е во центарот на вниманието на саканата личност.

5.

Овенот се обидува да ја скрие својата љубомора, бидејќи се срами од неа, сметајќи дека е форма на слабост на карактерот.

Љубоморни и уште и посесивни хороскопски знаци:

Тоа се Шкорпијата и Ракот.

1.

Шкорпијата сака да истражува,  да ги открива тајните, скриените вистини. Таа сака страсни емоции и интензивно го живее секој момент. Овој знак е секогаш во конкуренција со секого, подготвен бестрашно да го предизвика светот со сета своја сила. Љубомората е специфична карактеристика на Шкорпијата. Ако се чувствува привлечност кон некого, ќе се обиде да го освои на секој начин. Шкорпијата е особена возбудена од ситуации кои се тешко разбирливи за неа, и реагира на се што е скриено и невообичаено. Таа никогаш нема да прости неверство/предавство! И што е најважно, ако е изневерена, лесно ја губи контролата и дефинитивно цели кон одмазда. Нејзината одмазда е на отровен начин, држејќи ја лутината за цел живот.

2.

Родените под знакот на Рак се луѓе со ретка чувствителност. Тие живеат во тесна врска со спомените од детството и адолесценцијата, тие се врзани за семејството и за нивниот дом. Ракот го сака тивкиот живот што го прави безбеден и мирен, не сака нерамнотежа и неочекувани настани. Сака со слатки емоции, а не со огромни чувства. Ако има добро разбирање со својот партнер/ка, може да создаде интензивна и трајна врска, каде што апсолутно не е предвиден концептот на напуштање, неверство, предавство и разделба. Како и да е, сепак, Ракот знае како храбро да се соочи со секоја ситуација, дури и со криза во врската. Ако се почувствува запоставен и почне да губи верба во саканата личност, тешко му е да се премисли и да прости. Всушност, лузната од неговото разочарување би оставила неизбришлива трага. Ако нема сериозни причини, тој не ја преувеличува својата љубомора, дури и ако е интуитивен и внимателен набљудувач, знае како да се справи и со најмали знаци на опасност во врската.

 

Слични објави

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо

Зорица Брунцлик и Кемиш во солзи на Велигден: „Сакав да умрам, не можев да зборувам…“

Еспресо

(Фото) Се огласи поранешната сопруга на Харис Џиновиќ: Мелина реагираше на објава на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Цеца на полноќна литургија: „Верник сум…“

еспресо

(Фото+видео) Еве како изгледа вилата на Јована Јеремиќ: Базен, лозје и поглед кој го одзема здивот

Еспресо

Астропрогноза за недела, 5 мај: Биковите да размислуваат позитивно, Јарците ќе напредуваат во кариерата

еспресо
Се вчитува....