7.8 C
Скопје
20:14 - 11 март, 2026

„Бела низа“ денови: За три хороскопски знаци оваа недела ќе биде пресреќна

Астролозите ги именуваа трите знаци на Зодијакот, кои можат ја чекаат среќата оваа недела, меѓу 9 и 15 октомври.

Ѕвездите им ветуваат неверојатно позитивен период во кој ќе можат целосно да уживаат, а некои и да се променат на подобро.

Кои се среќниците на неделата, прочитајте во продолжение.

Овен

Доколку Овните ја преземат иницијативата во свои раце, ќе можат да поместат планини. Не чекајте некој да ве турка или да направи нешто за вас. Размислете подобро за фактот дека вие самите сте способни за многу работи и не ви треба помош од надворешни лица. Кога ќе ја сфатите сопствената моќ, тогаш ќе го добиете се она што го сакате! Земете ја судбината во свои раце и делувајте, дури и ако ви изгледа невозможно и страшно. Крајот на неделата ќе ви даде шанса за „милион долари“.

Вага

Вагите минуваат низ период на трансформација во однос и на работата и на врските. За да одржите заедница со партнерот, треба да научите не само да зборувате, туку и да слушате. Земете го во предвид мислењето на другата половина – кога ќе постигнете заеднички договор и ќе поставите цели за иднината, се ќе ви успее. Сакајте се и ценете се и до крајот на неделата ќе успеете да ја кренете врската на повисоко ниво, па не е исклучен заеднички живот или брак. На деловен план применете го истото – почитувајте ги претпоставените и тие ќе ви возвратат со унапредување.

Лав

Во овој период, Лавовите можат многу успешно да ги промовираат своите проекти, а некои Лавови ќе доживеат и моменти на слава! Доста работите за некого, време е да размислите за сопствена работа. Имате доволно талент, професионализам, деловна острина, креативност, интелигенција, важни контакти со луѓе и други вештини за да изградите успешна деловна империја и да го подобрите вашиот животен стандард. Почнете да делувате, ќе успеете брзо и лесно во тоа!

Слични објави

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо
Се вчитува....