17:07 - 31 јануари, 2026

АСТРО КАЛЕНДАР: Какви астролошки настани нè очекуваат во февруари? Месец исполнет со љубов и фантазија

Сезона на Водолија

Како што сонцето патува низ територијата на овој воздушен знак, ќе бидеме инспирирани да се поврземе со нашите заедници и да ја прифатиме сопствената уникатност. Сонцето ќе се усогласи со Сатурн на 4 февруари, што ќе ни помогне сериозно да ги достигнеме нашите цели и да создадеме прогресивни планови за себе. Кон крајот на сезоната, на 14 февруари, Меркур ќе им се придружи на Сонцето и Сатурн во Водолија и со тоа ќе биде поставен дополнителен акцент на комуникацијата во пријателствата, неконвенционалните мисли и инвентивните идеи.

Почеток на месец, млада Месечина

Благодарение на инспиративната млада месечина во Водолија која ќе ја дочекаме на 1 февруари, месецот ќе почне инспиративно. За време на новата месечина прифатете ја визионерската енергија на сезоната на Водолија.

Крај на Ретроградниот Меркур

Ретроградниот Меркур официјално завршува на 3 февруари и ќе почнеме да уживаме во појасна комуникација, помал технолошки стрес и подобар тек на енергијата. Време е да ги исполнувате целите и идеите што беа заглавени од „трикстерот“ Меркур. Директното движење на Меркур исто така значи дека за прв пат од април 2021 година, ниту една од главните планети нема да биде ретроградна! Поволно време е да ја искористиме енергијата за напредок. Фокусирајте се на претстојното, посветете го вашето срце на нови проекти и уживајте во ретката временска рамка без ретроградни.

МАРС ВО ЈАРЕЦ ИНСПИРИРА АМБИЦИЈА И СЕКС: Проверете што значи тоа за вашиот хороскопски знак

Енергија од Астероидите

На 1 февруари, астероидот Џуно влегува во Водолија. Тој ја претставува вистинската љубов и романтичната посветеност, а за време на астролошкиот транзит, ќе бидеме понеконвенционални во начинот на кој преговараме во партнерствата и бараме уникатност во врските. На 8 февруари, астероидот Церера влегува во Близнаци, инспирирајќи нè да зборуваме поотворено за нашите чувства и да се поврземе со другите. Конечно, на 14 февруари, Палас влегува во Овен, што нè охрабрува во донесувањето одлуки и ја разгорува нашата мисла. Астероидите во астрологијата се инспирирани од божиците и помогнат во пристапот до божествена женска енергија.

Спој на Венера и Марс

На 16 февруари ќе има полна Месечина во знакот на Лав која ќе инспирира да ги прифатиме чувствата и храбро да побараме што ни треба. Романтичната Венера и освојувачкиот Марс ќе ги здружат силите на истиот датум, со што ќе ги ресетираат нашите љубовни животи, комбинирајќи ги нашите желби со нашите вредности. Оваа комбинација на планетарни врски e одлична да ги изразите своите чувства и да бидете понаметливи за тоа што сакате од врската.

Запливуваме во сезона на Рибите

На 18 февруари, само неколку дена по полната месечина, сонцето ја напушта Водолија и влегува во Риби, означувајќи го почетокот на едно убаво патување во прифаќање на нашата чувствитлност и уметничка визија. Овој транзит е засилен со присуство на Јупитер во Риби. Претстои волшебна сезона за духовно истражување, нуркање во вашите соништа и наоѓање инспирација во вашите емоции. Дозволете ѝ на фантазијата да господари. Внимавајте на ненадејни духовни будења и блесоци на инспирација пред сезоната на Риби, на 17 февруари – кога Јупитер во Риби се поврзува со непредвидливата планета Уран.

СЕЗОНА НА ВОДОЛИЈА: Овие три хороскопски знаци ќе имаат среќа, ќе ја спознаат слободата и ќе рушат граници!

Слични објави

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо
Се вчитува....