23:31 - 9 јануари, 2026

Хороскоп за 7 март: Лавовите денеска ќе бидат осамени, Раковите ќе имаат нервози во љубовта, а вие?

Овен
Љубов: Ќе дојдат до израз разликите во љубовните желби помеѓу вас и саканата личност. Ќе мора да се согласите на компромис.
Работа: Можни се помали проблеми со постарите колеги на работа. Тие ќе очекуваат нешто друго од реалноста, а некои ќе покажат одбивност.
Здравје и совет: Штедете си ја силата.

Бик
Љубов: Ви претстои играње игри во кои вие глумите. Пресечете го тоа со мудро молчење и издржете со исправен став.
Работа: Ќе ви се чини дека вашите деловни обврски се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација.
Здравје и совет: Добро би ви дошло малку повеќе да спиете.

Близнаци
Љубов: Со рационален став ќе ги надминете разликите во љубовните желби. Така повторно ќе се приближите еден кон друг.
Работа: Со силата на вашата упорност ќе ги смирувате двете страни, кои имаат различен пристап за иста идеја. Вие ќе ги уверувате дека е важно тоа да се направи.
Здравје и совет: Никој не сака да слуша поплаки.

Рак
Љубов: Пред вас е уште еден малку нервозен љубовен ден. Помирете се дека тоа сега е така, но бидете сигурни дека ќе помине наскоро.
Работа: Подобро ќе биде денеска да не влегувате во расправии. Работете го она што го знаете и делувајте во подрачјето на својата професија.
Здравје и совет: Попладнево опуштете се.

Лав
Љубов: Многумина денеска ќе упаднат во стапица на ранливоста, од каде тешко ќе се извлекуваат. Чувството на осаменост ќе биде силно, како и копнежот.
Работа: Иако другите ве сакаат и поддржуваат, денеска ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака и дека нема врз кого да се потпрете. Не е така.
Здравје и совет: Дружете се со позитивни луѓе.

Девица
Љубов: Вашата потреба за нежност ќе биде голема, а надворешната состојба ќе биде скромна. Затоа може да сонувате со отворени очи, да чекате подобри денови или да копнеете.
Работа: Доколку се отворите кон своите соработници, ќе ви биде полесно да работите. Обидете се своите грижи да ги свртите на шега.
Здравје и совет: Погледнете добар филм.

Вага
Љубов: Оние кои се на прагот на тајна врска, денеска ќе се двоумат за своите чувства. Ќе се прашуваат дали тоа има смисла.
Работа: Можно е изостанување на некој колега од работа поради што неговите задачи ќе паднат врз ваш грб. Подгответе се за таква можност.
Здравје и совет: Бидете смирени.

Скорпија
Љубов: Некои и понатаму ќе се движат низ лавиринтот ,,фати-пушти” . Други ќе почнат врска, но без сигурност. Третите ќе мислат дека не треба ништо да преземаат.
Работа: Можеби ќе почуствувате желба да избегате од работното место, затоа што денеска ништо таму нема да ви изгледа сигурно.
Здравје и совет: Чувствителност на желудникот.

Стрелец
Љубов: Иако изгледа како добро да ви е во љубовта, однатре ќе ве измачуваат настани од минатото. Ќе ви го расипат уживањето.
Работа: Вашите соработници денеска ќе ја покажат својата чувствителност, па на вас останува да се обидете подобро да ги разберете и сослушате.
Здравје и совет: Ќе ги почувствувате последиците од хедонизмот.

Јарец
Љубов: Вашите додворувања денеска ќе бидат речиси извештачени. Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени.
Работа: Што повеќе се залагате, работите ви одат полесно и побргу. Затоа не правете паузи, доколку не се неопходни.
Здравје и совет: Бидете горди на своите дела.

Водолија
Љубов: Веројатно ќе мора да го поделите работното време. Еден дел ќе одвоите за својот партнер, а другиот за пријателите.
Работа: Младата личност со која соработувате, денеска ќе ја покаже својата мрзеливост и неспособност. Ќе мора подобро да ги обучавате младите.
Здравје и совет: Ќе издржите сè што ви претстои.

Риби
Љубов: Ако не сте задоволни од состојбата, денешниот ден е добар за привремено повлекување во осаменост.
Работа: Ќе ве збунива лицемерноста на надредените, зашто едно ќе зборуваат, а друго ќе прават. Не кревајте тензија, туку набљудувајте.
Здравје и совет: Ќе дојдат вашите пет минути.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....