12:28 - 8 февруари, 2026

Хороскоп за 27 декември: Биковите претерано ќе трошат пари, Вагите ќе нижат успеси

Овен

Благодарение на позитивните планетарни влијанија, ве очекува успех врзан за домот и семејството. Некои од вас ќе бидат во ситуација да го променат местото на живеење, а некои да го прошират семејството. На слободните припадници на знакот им се насмевнува љубовта. Ве очекува деловен успех проследен со финансиска добивка.

Бик

Очигледно не сте свесни за сопствените потенцијали, бидејќи се однесувате лежерно. Ве очекува голем успех во ракувањето со туѓите пари или наследство. На моменти можете да заборавите на една ваша лоша навика – претераното трошење пари. Бидете трпеливи. Сѐ уште не сте доволно храбри да ја решите емотивната ситуација.

Близнаци

Успехот во финансиските трансакции е последица на вашиот макотрпен труд. Искористете ги на најдобар можен начин. Од вас многу се очекува, а се поставува прашањето колку сте подготвени да дадете. Изненадете ја околината со вашите квалитети. Не очајувајте ако вашиот партнер стане рамнодушен кон вас.

Рак

Не само поради естетски причини, туку и поради здравствени, треба да внимавате на килограмите. Многумина од вас почнаа набрзина да добиваат на тежина, па се советува внимание. Семејната ситуација засега е непроменета. Повеќе внимание посветувајте на роднините и пријателите. Емотивната неизвесност, на некој начин, ви одговара, но сепак, имате тремор.

Лав

Сѐ зависи од тоа како луѓето влијаат на вас. Доколку го промените пристапот на животот можни се проблеми. Во спротивно, можете себеси да си ги искомплицирате работите. Затоа, се советува оптимизам и сериозност кон решавање на проблемите. Најдобро ќе ги решите ако им пристапите на проблемите со студена глава.

Девица

Вложувате минимални напори, а постигнувате видливи резултати. Наредните денови сте во добра положба, што не е за занемарување. Затоа се советува брза акција и промисленост. Кога подобро ќе сфатите за што станува збор, ќе видите дека трудот се исплати. Финансиите ви се насмевнуваат, вложете силни напори за да ја остварите добивката.

Вага

Благодарение на талентот за организирање што го поседувате, нижете успеси. Тоа особено е дело на вашиот висок морал кој се однесува на реалното гледање на работите. Она што ве кочи е арогантноста и доминантниот став кон најблиските. Ги „гушите“ со вашата посесивност. Ослободете се од негативните мисли и бидете порелаксирани.

Скорпија

Мора да се изборите со сопствените негативни особини, пред сѐ, со ароганцијата, тврдоглавоста и вообразеноста, ако сакате да успеете. Бидејќи сте премногу амбициозни, можно е да западнете во неволја. Затоа се советува смиреност и истрајност. Можеби ќе мора да ја менувате професијата.

Стрелец

Најбитно е да сте во хармонија со себеси. Успех постигнувате благодарение на образованието и пишувањето, но и на останатите видови комуникација. Искористете го наглиот прилив на оптимизам и насочете го во оној правец во кој ви е најпотребен. Многу тешко ги поднесувате промените, но моменталната ситуација го бара токму тоа од вас.

Јарец

Емотивните односи се подобруваат. Несебично им подарувате љубов на сите кои сакаат со вас да бидат во каква било комбинација. Доколку соработувате со личност во знакот на Бик, можете да се опуштите. Чувствителни сте и премногу субјективни во оценувањето на вашата емотивна ситуација.

Водолија

Обврските ги извршувате со леснотија и ведрина. Ве очекува успех проследен со добра заработувачка. Благодарение на одличните организаторски способности, ќе имате извонредна соработка со колегите. Лесно пламнувате и се повредувате, а најмногу ќе се исцрпувате во семејните односи и промените во најтесниот круг на семејството.

Риби

Планетарните аспекти се добри за работа, па затоа и се пожелни нови потфати. Со леснотија и ведрина ги прифаќате новите предизвици. Имате енормна количина креативна енергија и добро расположение. Не обрнувајте внимание на злонамерните озборувања и критики, одете по вашиот зацртан пат.

Слични објави

„Изневерував, таа го будеше најлошото во мене“: Љуба Перуќица проговори за неверството

Е.А.

Нови детали за нападот на куќата на Здравко Чолиќ: Постои сомневање дека уапсените се дел од Врачарскиот клан

Е.А.

Дневен хороскоп за 8 февруари: Бидете отворени и уживајте во денот

apostolova

(Фото) Зорица Марковиќ заврши во болница! Се огласи од кардиологија, порача само едно 

Еспресо

„Сега ѝ е потребна поддршка“: Саша Ковачевиќ ја контактирал Милица Тодоровиќ по породувањето

Е.А.

Филмско бегство со тротинети: Откриени нови детали за нападот врз домот на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....