09:24 - 19 декември, 2025

Хороскоп за 26 февруари: Раковите да избегнуваат напнатост со партнерот, Стрелците ќе остварат деловни успеси, а вие?

Овен

Потрудете се правилно да ги разграничите обврските од интересите кои ве врзуваат за одредени соработници. Не треба да трпите нечие самоволие. Посакувате повеќе интересни настани во љубовниот живот. Запознавањето со една личност може да ви го подобри расположението.

Бик

Ќе бидете дезинформирани за деловните можности. Обидете се да не ги критикувате колегите бидејќи ќе постигнете несакан ефект во комуникацијата. Вашето расположение ќе може да се протолкува на повеќе различни начини, а вашиот партнер не ги разбира многу вашите изговори.

Близнаци

Нечија приказна ќе има спротивен ефект врз вас. Нема потреба да се расфрлате во различни правци и да се оптоварувате со амбициозни цели. Бидете умерени во барањата кон саканата личност. Ќе уживате во средбата со блиски пријатели и нечие внимание.

Рак

Ако сакате да ги тестирате вашите интелектуални или практични способности, треба да имате прецизни цели. Затоа седнете и направете список. Избегнувајте напнати ситуации при средба со саканата личност, важно е меѓу вас да има добри намери и сè ќе биде во ред.

Лав

Соработката ќе ве обврзи строго да ги почитувате заедничките правила, како и да ги почитувате различните афинитети во канцеларијата. На љубовен план, ќе ве очекува пријатно изненадување. Почестете се со некои убави „ситници“ и добро друштво – денот ќе ви биде прекрасен.

Девица

Понекогаш треба да се преземат различни мерки на претпазливост. Доволно сте разумни за да ги заштитите вашите деловни интереси во критичните ситуации. Искрените емоции се секогаш лековити, внимавајте на вашата сакана личност. Уживајте во вашата среќа заедно.

Вага

Ќе ве очекуваат разни обврски, треба добро да се организирате при средбата со колегите. Побарајте нечија поддршка на време. Партнерот ќе ви изгледа сомнително и тоа ќе се одрази на вашето лошо расположение. Не сакате да се карате за ситници кои непотребно ве разделуваат.

Скорпија

Понекогаш сè ви изгледа релативно или необично. Деловните можности ќе ви поинаку кога се разгледате од едни поинакви агли. Важно е правилно да одговорите на нечии прашања. Ќе ве очекува одлично расположение во друштво на саканата личност.

Стрелец

Различни околности ќе бидат на ваша страна. Ќе се наоѓате во одлична можност да постигнете успешни резултати, бидете истрајни во своите намери. Во љубовната врска нема да ви биде дозволено сè што сакате, но нема да има причина ниту за лажна скромност. Секогаш избирајте го „најдоброто“ решение.

Јарец

Денеска нема да можете да ги измамите соработниците со приказна што ја импресионира вашата суета и да игнорирате нечија остроумност. Изгледате вознемирено, барате нечија прошка и избегнувате емотивно ривалство. Контролирајте ги вашите импулси пред саканата личност.

Водолија

Бидете внимателни и не ризикувајте во области за кои не сте доволно информирани или во ситуации кога постои некаква забрана. Конечно ќе сфатите дека нечии ветувања не се доволно искрени. Постапувајте според вашата совест и опуштете се.

Риби

Денеска ќе имате добро чувство за деловно расудување. Важно е правилно да ги истакнете вашите професионални способности и да дејствувате со добра волја. Поттикнете ја вашата емоционална инспирација и чувството за добар вкус. Препуштете се на вашите чувства и страсти.

 

Слични објави

(Видео) Вака печалел Тони Михајловски кога немало пари од глумата

msp-admin

Здравко Чолиќ ќе заработи 500.000 евра од концертите во Сараево: Сите спонзори сакаат да бидат дел од четирите спектакли!

Еспресо

(Видео) Калиопи искрено кажа што мисли за Теа Таировиќ и Бресквица

msp-admin

Дневен хороскоп за 19 декември: Добар период за планирање, но не и за ризични потези

apostolova

(Фото) Посебен ден и јубилеј: Голема прослава во домот на Вики Миљковиќ

E.A.

(Фото) И таа дои бебе: Лејди Гага целосно ја ископира Јелена Карлеуша!

Еспресо
Се вчитува....