17:29 - 13 јули, 2026

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7 ДЕКЕМВРИ: Очекувајте ден на пресврти

дневен хороскоп

Овен

Денот не може да чека – ве очекуваат многу деловни обврски. Мошне напорен ден. Ќе имате некои неочекувани обврски и тешкотии на работа. Многу е тешко целото внимание да го посветите на саканата личност бидејќи сте оптоварени со грижи на други полиња. Обидете се да дадете сѐ од себе за да ја поправите врската.

Бик

Многу е веројатно дека претпоставениот или деловниот партнер ќе ве брзаат да ја завршите започнатата работа што е можно поскоро. Искрено, вие мислите дека тоа ќе донесе проблем, а и се плашите дека ќе пропуштите некоја важна ставка. Тешко дека денес ќе имате доволно време за некој посилен контакт со саканата личност.

Близнаци

Денес подгответе се за варијантата – промени на плановите во последниот момент! Очекувајте ден на пресврти. Личноста која ве интересира и ви се допаѓа, во последно време се однесува ладно, но ѕвездите советуваат да не се занимавате со неа, бидејќи ве очекуваат поважни работи и тоа на поле на работата.

Рак

Можни се проблеми со повремени главоболки. Доколку страдате од мигрена, задолжително консултирајте се со вашиот лекар за преглед и совет. Не земајте лекови самостојно. Опуштете се во текот на денот. Владее мирна атмосфера во која нема да имате поголеми деловни обврски. Денот максимално искористете го за одмор.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Вагите во бајка, Биковите пред нова авантура

Лав

Ако сте слободни можете да очекувате ново познанство со личност која е многу романтична и емотивна. Подготвени сте да започнете нова врска која може да трае на долги патеки. Можни проблеми со аритмија. Генерално, вашиот кардиоваскуларен систем е чувствителна точка, би било добро да внимавате на притисокот.

Девица

Може да очекувате поддршка од вашите соработници кога станува збор за идеите кои ќе им ги предложите. Генерално ве очекува ден во кој ќе успеете да разрешите некои работи. Ве очекува комуникација со личност која е многу заинтересирана за вас. Ако веќе имате партнер, ќе има некој посериозен предлог за вас.

Вага

Имате добар ден пред вас. Добро се чувствувате и имате доволно енергија за сѐ. Можете да се надевате на ден во текот на кој ќе немате грижи и проблеми. Уживајте и искористите ја позитивната енергија. Размислувате за деловни промени, но сѐ уште не сте подготвени во целост да ги реализирате.

Скорпија

Можно е некоја личност од вашето минато да се обидува да стапи во контакт со вас, но тоа не ве интересира. Тешко ви е да прифатите дека неговото однесување се променило. Дишните органи ви се чувствителни. Можни се проблеми со кивање, кашлање и сл. Зголемете го внесот на витамини и на здрава храна.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП – ДЕКЕМВРИ 2021: Како ќе ја завршите старата година?

Стрелец

Ви претстои дополнителна работа која ќе биде добро платена. Вашата заработка може да се зголеми доколку сте подготвени да се потрудите. Многу работи ќе зависат од вашиот став и вашиот труд на работа. Во моментот балансирате во комуникацијата со две различни личности и тешко ви е да донесете одлука со која ќе бидете.

Јарец

Можни се проблеми со кожата, иритации, и сл. Обезбедете ѝ ја на вашата кожа соодветната нега што ѝ треба. Можеби ќе ви треба уште малку време за да го решите проблемот на работа кој како да паднал од небо. Ве остави затекнати и неподготвени, затоа ќе треба повеќе да се потрудите за да го најдете решението.

Водолија

Очекувате добар совет од некој на кој му верувате. Ќе донесете правилна одлука во врска со работата. Пред вас е фаза во која коцките спонтано се склопуваат. Не сте сигурни дали сте подготвени за нова љубов, па малку одолговлекувате со одлуките. Постои личност која ви се додворува, но изгледа дека се плашите повторно да се вљубите.

Риби

Не сакате да се откажете од целите кои сте си ги зацртале иако ви е тешко во моментот да дојдете до реализација. Премногу сте амбициозни и потребно е да ги намалите своите очекувања. Нови љубовни случувања, ќе ви биде интересно. Проверете го нивото на шеќер во крвта. Можни се некои помали проблеми на тој план.

Слични објави

„Ручече, кафенце, ракиичка“ – Лепа Брена и Сека Алексиќ се сретнаа на црногорското приморје

Т.Ц.

(Фото) Наташа Беквалац ги запали социјалните мрежи — во црн костим за капење покажа беспрекорна линија

Еспресо

(Фото) Тајзи се ожени, а свадбата се претвори во вистински спектакл – Слаткар, Пајак и 2Бона направија хаос

Еспресо

Јелена Карлеуша откри дали новата песна му е посветена на Душко Тошиќ: „Многу плачев додека ја снимав“

Еспресо

(Фото) Новинарката Александра Спировска никогаш позгодна – поранешната сопруга на Пере од „Нокаут“ ужива во Ксамил

apostolova

Кога ќе одлучиш дека е време за поголема тежина, а тегот има друга идеја: хит-снимка од теретана на Лаура Гњатовиќ

Т.Ц.
Се вчитува....