22.8 C
Скопје
18:18 - 27 април, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3 ДЕКЕМВРИ: Денес ќе бидете преплавени со оптимизам

дневен хороскоп

Овен

Успехот ви доаѓа бидејќи претходно сте биле добро подготвени, со одличен план. Затоа, ќе бидете наградени со голем прилив на пари, или со покачување на платата и унапредување. Што се однесува до емотивниот живот, вашиот партнер се крие од вас, бидејќи се плаши од вашата сила и енергија.

Бик

Денес се советува пред да ги наполните батериите, да не почнувате ништо што е поврзано со работата. Испланирајте активности по можност надвор од работното место и разговарајте со саканите – тие две работи ќе ви го вратат ентузијазмот. Во љубовта имате штетни навики, а доколку не ги промените, најголема штета ќе си нанесете самите себеси.

Близнаци

Денес ќе бидете толку расположени и ентузијастични така што ќе направите многу работи без претходно да ги испланирате. Решени сте да го исклучите мозокот и да се препуштите на инстинктите. Спонтаноста ќе ви го одбележи денешниот ден. Несовршеностите нема да ве измачуваат повеќе. Самодовербата ви е на максимално ниво.

Рак

Денес нека не ве изненадат тензичните односи со блиските, ќе мора да ги контролирате реакциите. Смирениот пристап на финансиските проблеми ќе биде половично решавање. Во љубовта партнерот ќе има потреба од вас, па не бидете себични. Колку и да ви изгледа смешна ситуацијата, клучот е во поддршката.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (30 НОЕМВРИ – 5 ДЕКЕМВРИ): Мали расправии и голема љубов

Лав

Бунтовната природа која спие во вас, денес ќе се разбуди, па нема да можете ништо да премолчите. Слободно зборувајте за проблемите, борете се против неправдите и бидете гласот на оние кои не се слушнати. Ќе бидете како магнет за позитивни личности, па околу вас ќе преовладува смеата.

Девица

Денес мора да бидете физички поактивни ако сакате да го сочувате расположението и здравјето. Интуицијата ќе ве послужи доколку бидете ставени пред одлуки поврзани со иднината. Во љубовта нема потреба да внесувате тензии. Посмирено поставете ги прашањата. На тој начин и ќе го добиете одговорот што го сакате.

Вага

Во вас сѐ ќе „врие“ и нема да си дозволите овој ден да ви помине пасивно. Ќе сакате акција, дружења, работа, па затоа ќе сакате да бидете опкружени со лица кои ќе ве туркаат кон предизвици и возбудливи моменти. Вие сте личност од акција. За вас ден поминат без работа е празен ден. Не сакате да безделничите, туку сакате да придонесувате.

Скорпија

Денес верувајте им на долгорочните визии и планови што ќе ги имате. Избегнувајте негативни коментари кои може да ве поколебаат во замислите. Приватно, на секој проблем пристапете му смирено, во спротивно стресот ќе ви се одрази и на врската, но и генерално на вашиот живот. Затоа, во љубовта бидете подиректни.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП – ДЕКЕМВРИ 2021: Како ќе ја завршите старата година?

Стрелец

Денес отворено ќе ги покажувате вашите чувства, особено оние што се романтични. Можно е некој да ви помогне да го освоите срцето на оној кој ви се допаѓа. Ќе му бидете благодарни за услугата. Не барајте логика за сè што се случува околу вас. За многу нешта нема да можете да најдете објаснување.

Јарец

Со цело внимание ќе дискутирате со колегите, ќе ги слушате нивните идеи и ќе ги решавате проблемите кои долго биле одложувани. Избегнувајте тензични деловни повици. Потребна ви е подобра организација на финансиите. Во љубовта слободно впуштете се во љубовни предизвици, ви недостасува чувството на романтика и нежност.

Водолија

Денес ќе бидете преплавени со оптимизам. Ви претстои светла иднина, но нема да седите со скрстени раце, чекајќи некој да ви ја даде на послужавник. Ќе работите за неа. И притоа, не бидете скромни. Барајте многу и ќе добиете многу. Сите цели што сте си ги зацртале, потрудете се да ги реализирате. Вложувате голем труд во сѐ што правите.

Риби

На деловно поле, мора да бидете повеќе насочени на соработката со другите. По секоја цена сакате да оставите позитивен впечаток на колегите и соработниците. Особено поради фактот дека меѓу нив се наоѓа личност која многу ви се допаѓа. Го знаете правилото дека работата и задоволството не треба да се мешаат. Затоа, бидете претпазливи.

Слични објави

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо
Се вчитува....