3.8 C
Скопје
21:56 - 20 декември, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 26 НОЕМВРИ: Прекинете да трошите на непотребни работи

дневен хороскоп

Овен

Денес ќе сакате да споделите голема тајна со вашата сакана личност, но пред да го направите тоа, уверете се дека никој друг не ве слуша. Постои веројатност вашите зборови да стасаат до погрешни уши. Претпазливоста не може да ви наштети. Искористете ги сите нешта кои ги чувате за некоја посебна прилика.

Бик

Чекате важни документи да пристигнат на вашата адреса. Тие ви се од животно значење. Денес сте во добро расположение, па ќе се обидете повеќе да се вклучите во однос на обврските со кои доцните. Еден нов познаник отворено ви дава до знаење дека сака нешто повеќе со вас. Прифатете ја неговата понуда.

Близнаци

И покрај тоа што сѐ се одвива како што треба, вие не сте стимулативно расположени. Замислени сте и загрижени за понатамошниот развој на ситуациите, а ве мачи и еден приватен проблем. Една личност ви е во мислите, но не сте сигурни дали е добро да започнете каква било приказна со неа.

Рак

Преокупирани сте со личните приоритети и не сакате да трошите време на она што го сметате за неважно. Ќе се фокусирате само на вашите цели. Се обидувате да постигнете задоволителен договор со емотивниот партнер, но денес е тешко да се усогласите. Едниот од вас мора да направи компромис и да се откаже од нешто.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (22. – 29.НОЕМВРИ): Планетите се смешкаат и нѐ очекуваат судбински средби

Лав

Чувствувате мачнина и вознемиреност поради притисоците на работа. Дури решени сте да дадете и отказ на работа, иако сега тоа не е најдоброто решение. Тешко е да се проголтат некои работи, но во моментот немате избор за да се впуштите во нова деловна авантура. Очекувате одговор од повеќе места, но тешко доаѓаат до вас.

Девица

Прекинете да трошите на непотребни работи. Проверете си ја банкарската сметка. Состојбата не е баш најдобра. На емотивно поле, некои потреби на саканата личност се претерани, а вие упорно сакате да му удовилите. Тоа уште повеќе ве нервира, но толку многу сте вљубени во партнерот, така што немате сила да го одбиете за ништо.

Вага

Неспоредливо подобра љубовна ситуација за сите што се во врска или во брак. Чувството на незадоволство го оставивте зад себе, насочени сте кон саканата личност и ви одговараат заедничките моменти исполнети со задоволство, страст и уживање. На работа ќе бидете предложени за лидер на еден нов проект. Прифатете со задоволство.

Скорпија

Во моментот ви е најважен вашиот мир и спокој. Конечно решивте да си посветите внимание себеси и на сопствените приоритети. Можеби за вашите блиски ќе делувате чудно, бидејќи не се навикнати да ги игнорирате нивните потреби и барања, но вие не смеете да попуштите овој пат. Само продолжете да си ги гледате вашите интереси.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА НОЕМВРИ: Нè очекува љубовен и бурен месец

Стрелец

Партнерот упорно ви контрира за нешто, а вие се правите како воопшто да не знаете за што се работи. Со игнорирањето нема да го решите проблемот. Станува збор за голем чекор за вашата врска. Опседнати сте со шопинг, со трошење пари, а тоа многу му пречи нему. Време е сериозно да размислите за заедничките приоритети во љубовниот живот.

Јарец

Ќе имате поддршка, а тоа ќе ви биде од клучно значење за идниот период. Одржувате контакти дури и на далечина. Немојте да одите во погрешна насока, размислете ги однапред чекорите. Не се грижете премногу за работи кои не се во ваша контрола. Искористете го максимално секој момент од денот.

Водолија

Немирни сте и имате потреба да се движите и да комуницирате, дури и без посебна причина. Ќе измислите изговор да повикате некого или да одите некаде. Пријателите и познаниците нема да ви бидат особено наклонети. Едни ќе се брзаат, други ќе бидат недостапни, трети изморени, недоверливи и слично.

Риби

На љубовно поле ќе мора да направите некои жртви за доброто на врската. Сметате дека околностите на работно поле не се баш добри и мора да направите нешто за да ги промените. Ќе бидете претерано загрижени и ќе се оптоварувате со сопствените мисли, но обидете се да се опуштите и да се погрижите за добробит на вашата психа и здравје.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....