13.8 C
Скопје
13:59 - 22 ноември, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 24 ДЕКЕМВРИ: Денес сè ќе ви оди од рака

дневен хороскоп

Овен

Огромни амбиции, огромна глад за работа но и за успех и резултати. Сето тоа ќе ве наведе се повеќе да работите. Секако дека треба да се опкружите со способни и инспиративни луѓе, едноставно направете свој тим – вие ќе бидете лидерот. Предлагајте идеи, но слушнете што имаат да ви кажат другите.

Бик

Можете да очекувате ден без поголеми тензии и проблеми. Можни се мали несогласувања на полето на љубовта. Слободните ќе се запознаат со личност која не живее во истото место, па можно е да остварат врска на далечени. Не плашете се од флертување, нема никој да ви ја земе драгоцената слобода.

Близнаци

Иако овој ден е добар во секој свој сегмент, сепак, кај вас најмногу ќе се одрази на емотивниот план. Љубовта ќе ги засени сите останати случувања. Не само што во постоечките емотивни односи сè ќе оди на подобро од обично, туку ќе ви се отворат и нови можности за среќа.

Рак

Сега е моментот некои деловни, но и приватни обврски, да се завршат на полесен начин од инаку. Сè ќе ви оди од рака, па прифатете го и она што досега било во застој. Вистинско време е со емотивниот партнер да поразговарате и за некои посериозни теми.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (20 до 26 декември): Љубов за Биковите, среќа за Девиците, кавги за Овните…

Лав

Барем за момент оставете ги деловните обврски таму каде што треба да се – на вашето биро. Едноставно, работата нека ви биде во втор план, особено што тука нема да дојде до некои поголеми промени и случувања. Но, можете да се изненадите од информациите кои доаѓаат од страна на претпоставените.

Девица

Контакти со луѓе од минатото, од некоја минато ваше работно место. Ќе ги возобновите. Плановите полека почнуваат да се реализираат. Не само што ќе ве израдува конечното случување во овој сегмент, туку веројатно и финансиски ќе ве израдува повеќе отколку што сте мислеле.

Вага

Денес сè ќе ви оди од рака. И работата, и парите, и љубовта. Според тоа, постојано имајте насмевка на лицето и подгответе се да ги демнете можностите кои сигурно ќе ви се укажат. Единствено е важно да не седите и да не чекате нешто да ви падне од небо. Активирајте се и нема да пожалите.

Скорпија

На работа ќе се случува вистинска мала драма. Вие изгледа најмногу уживате кога мора да се борите за она што го сакате. Сигурно од таа причина и ви е најмило кога на крајот и ќе победите. А, победата во деловниот сегмент и финанасиите денес се резервирани за вас. Само храбро напред и не дозволувајте ништо да ве спречи.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП – ДЕКЕМВРИ 2021: Како ќе ја завршите старата година?

Стрелец

Насочете се во целост на деловниот сегмент, бидејќи денес преку него одат признанија, одобрувања од претпоставените или дури поголем финансиски надомест за работата. Убавите вести нема да ве заобиколат ниту на емотивно поле – саканата личност ќе ви посветува големо внимание и ќе ве опсипува со подароци.

Јарец

Денес ќе бидете во дилема на кој важен животен дел да му дадете приоритет. Имате големи обврски на работа кои мора да ги завршите во текот на денот… но сакате своето време да му го посветите и на некому кој многу ви се допаѓа. Ќе мора добро да балансирате за сè да функционира како што треба.

Водолија

Вашите деловни планови денес почнуваат да се остваруваат и ќе бидете многу задоволни од случувањата. Не само тоа – се појавува една личност која целосно ќе ви го окупира вниманието и ќе ве раздрма. Ќе флертувате па дури и ќе влетате во авантура со таа личност. Некои исклучителни моменти денес ќе бидат резервирани за вас.

Риби

Ќе договорите една мошне финансиски исплатлива работа. Ова може да биде и дополнителна работа или нешто што сте покренале со помош на пријателите. Во средбата со една личност најмногу ќе се заинтересирате ако го покажете она што е ваша најдобра особина – природниот оптимизам и духовитост.

Слични објави

(Видео) Куќната помошничка направила хаос кај Лепа Брена: Влетала на славата, паднала во транс и танцувала во влечки

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ го покажа своето „вистинско лице“: Пејачката објави слика без грам шминка!

Еспресо

(Фото) Џина Џиновиќ лудуваше на концерт на Јелена Карлеуша: Не ѝ е грижа што пејачката го понижи татко ѝ!

Еспресо

(Фото) Нема да ја препознаете: Беше проблематична тинејџерска ѕвезда, а сега е дама со префинет стил!

Еспресо

(Фото) Кај Брена гостите до зори го славеле Свети Архангел! Снаата Александра Пријовиќ ги кренала гостите на нозе

Еспресо

Хороскоп за 22 ноември: Овните ќе ги гризе љубомора, Скорпиите ќе бидат под притисок поради финансиите

Еспресо
Се вчитува....