2.8 C
Скопје
19:34 - 20 декември, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 22 СЕПТЕМВРИ: Избегнувајте расправии на секое поле

Овен

Сакате конкретни работи. Сѐ околу вас ви е здодевно и не знаете за што да се држите и да го прогласите за денешна водечка sвезда. На работното место едноставно ќе немате воопшто мотивација, но крајно време е да се концентрирате и да се посветите на битните работи во вашиот живот.

Бик

Партнерот ве провоцира и ве искушува веќе подолго време. Ако реагирате премногу брзо, нешто што сте сакале да го премолчите може да излезе од ваше влијание. Бидете одмерени за врската да не заврши со раскинување, особено ако криете нешто што вашата сакана не смее да го открие.

Близнаци

Се ближи моментот на реализација на некои проекти, како и можност за потпишување нов договор. Сепак, бидете трпеливи и одложете ги последните потези, бидејќи, иако сѐ оди според планот, сите предуслови за ставање крај на сѐ, уште не се исполнети. Избегнувајте расправии на секое поле.

Рак

Денес никако не можете да се опуштите, некој одеднаш ви задава дополнителни проблеми или нови емотивни дилеми. Делувате несигурно. Обрнете внимание на новите информации или на нечие предупредување. Важно е со вашето однесување да дадете добар пример.

Лав

Се стремите кон една личност, убедена дека таа има сѐ што сакате во моментот. Нејзиното одбивање ве привлекува уште повеќе, но тоа не е затоа што таа е вистинската личност за вас, туку затоа што за вас е незамисливо дека постои некој што е имун на вашиот шарм.

Девица

Имате променливо расположение и сте склони кон нервоза, особено во однос на вашето семејство. Денешниот хороскоп ве предупредува да внимавате какви обврски прифаќате бидејќи не сте во ситуација да ги почитувате сите договори. Не играјте на сѐ или ништо, ќе бидете дисквалификувани во клучен момент.

Вага

Се потпирате на други луѓе. Можеби сте премногу изморени, па ова е вистинската причина за вашето повлекување и предавање на судбината. Работите може да бидат незгодно комплицирани ако не преземете одговорност и не ги завршите обврските навреме, дури и ако за вас е непријатно.

Скорпија

Вие сте решени да не се мешате во туѓи работи. Меѓутоа, некој ви се доверува, а вие не сте сигурни дали тоа треба да ве импресионира или дали тие информации ќе ви создадат проблеми. Ако не одолеете навреме, работите можат значително да излезат од контрола. Неочекувана средба може да ви покаже на дело колку е мал светот.

Стрелец

Ве привлекува личност која не е слободна. Иако ви се чини дека тоа би било доживотна врска, не заборавајте дека секогаш размислувате така на почетокот на запознавањето. Не залажувајте се, туку насочете го своето романтично расположение кон нешто попрактично.

Јарец

Со вас, сè оди во пакет, работа, пари и љубовен живот. Сепак, од вас се бара да се адаптирате на новите околности. Вие не сте флексибилни, па сè ви пречи, бидејќи секоја промена што не ја предизвикавте самите, предизвикува фрустрација и незадоволство.

Водолија

Партнерот очекува конкретен чекор за обликување и формализирање на врската. Не попуштајте на притисокот, советуваат ѕвездите, ако не сте сигурни дека тоа е она што го сакате. Дополнителна тензија е предизвикана од финансиската состојба, која денес е значително комплицирана.

Риби

Внимавајте на вашите трошоци, потребно е внимателно и темелно да го трошите или вложувате секој денар. Невработените треба да им се обратат на своите пријатели за помош. На крајот на денот доаѓа олеснување и силна морална поддршка од помлад член на семејството.

Слични објави

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо
Се вчитува....