3.8 C
Скопје
23:33 - 20 декември, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 18 ДЕКЕМВРИ: Добар ден за работи кои бараат силна енергија

дневен хороскоп

Овен

Сакате промена на работното место. Времето ќе покаже што е добро за вас. Може да ги промените деловните партнери. Во љубовта, еден слободен колега почнува да ве опсипува со комплименти и да се врти околу вас. Чека потврда за љубовта. Ќе размислувате подолго дали воопшто да започнете некаква приказна со него. Не си ја блокирајте енергијата.

Бик

Ќе ви биде чудно, но можно е да се соочите со некои помали ризици во деловниот план. Слободните припадници на знакот денес лесно можат да запознаат нова љубов. Вечерното излегување со пријателите носи нови познанства. Имате проблеми со подуеноста, затоа внимавајте што јадете и пиете.

Близнаци

Подготвени сте новите идеи да ги спроведете во дело. Важно е да истраете во своите замисли. Поволен ден за сите оние кои се занимаваат со угостителски дејности. Одеднаш нема да можете да постигнете сѐ што ќе ви се зададе како обврска. Ја идеализирате личноста која ви се допаѓа, па кога се вљубувате не ги забележувате нејзините мани.

Рак

Денес подобро е да не се обидувате да склопувате договори или да остварувате состаноци. Едноставно денот не е поволен за деловни ситуации. Подобро занимавајте се со понебитните нешта. Во љубовта, можно е да ја изгубите стабилноста во врската. Поради тоа ќе се разочарате и во партнерот и во врската.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (13. – 19. ДЕКЕМВРИ): Успех за Рибите, одлични вести за Биковите, љубов за Девиците!

Лав

Мора да внимавате на буџетот бидејќи ќе бидете изложени на финансиски притисок. Вам ви е највежен полн паричник, нека уште некој ви помогне во распределбата на парите. Ако сте осамени, сигурно нема да бидете сами денес. Поволни аспекти за сите оние кои сакаат да пронајдат романтична душа. Добар избор се Девица или Близнаци.

Девица

Ден без поголеми промени, мошне добар. Но, ќе мора да се прилагодите на работа, особено поради тоа што во опкружувањето имате еден колега кој секогаш сака нешто да се случува и менува, кој има свој план, но ќе го открие во последниот момент. Ако сте во врска, ве очекуваат ситни расправии, пронајдете заеднички јазик за да не западнете во монотонија.

Вага

Имате добра енергија, интелигенција, добри деловни врски, контакти кои реално можат да ве доведат на деловниот пат кој искрено го посакувате и сонувате. Во љубовта, вашата прилагодлива енергија дава можност да можете да функционирате во секоја ситуација во која ќе се најдете, па така и овој пат новото познанство може да биде многу инспиративно.

Скорпија

Некои ваши секојдневни рутини и начин на работење нагло ќе се променат и ќе бидете принудени да се прилагодите на туѓите барања. Можни се помали семејни проблеми доколку сте во врска. Се разбира, секогаш постои решение, доколку двете страни се подготвени на компромис. Чувствителни сте на времето.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП – ДЕКЕМВРИ 2021: Како ќе ја завршите старата година?

Стрелец

Добар ден за работи кои бараат силна енергија. Само бидете упорни. Во љубовта, оние кои се во брак или врска треба да се однесуваат практично или рационално за нивната комуникација да биде збогатена со емоции и љубов. Вам ви е потребно експлицитно покажување за припадност. Совет и здравје: Проверете го крвниот притисок.

Јарец

Промена на работа. Во зависност од соработниците со кои сте во контакт, ќе бидете туркани да работите или да смените нешто. Во љубовта, можна е двојна врска за оние што се во брак. Љубовта ќе биде страсна и незаборавна. Ако тој некој е Скорпија во знакот, тешко ќе се извлечете од тоа. Внимавајте! Физички вежби се неопходни за регенерација на телото.

Водолија

Чувајте ја работата што ја имате. Не менувајте ништо. Денес тоа е единствениот добар совет. На емотивно поле – дали треба да влезете во врска со еден Стрелец или не…? Стрелецот е поопуштен тип, но не дозволувајте тоа да ве измами. Може да биде многу арогантен, многу да бара, па дури и да навреди. Совет: Не се впуштајте во ништо со таа личност.

Риби

Потребно е да соработувате со стабилни луѓе како оние што се добри стратези или добри сметководители. На емотивно поле, можете да уживате во љубовта со саканата личност со која долги години го делите и доброто и злото. Оние кои се слободни ги очекува топла средба со една Водолија. Добро се чувствувате.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....