04:39 - 1 август, 2026

Астро прогноза за вторник, 7 февруари

ОВЕН

Овенот ќе мора да се откаже од нешто на овој ден, велат ѕвездите. И ве повикуваат на 7 февруари да бидете не само цврсти, туку – армиран бетон. Само тогаш ќе може да се излезе како победник од ситуацијата.

БИК

Ѕвездите на 7 февруари може да изиграат сурова шега со Бикот. Затоа, подобро е добро да се подготвите за овој ден и во никој случај да не избрзувате.

БЛИЗНАЦИ

На 7 февруари Близнаците ќе треба да дејствуваат смело од една страна, а од друга со претпазливост. Овој вторник ќе треба да најдете средина за да ги завршите задачите и да не наместите никого.

РАК

Ако на 7 февруари Раковите решат да скокнат во оган,  ризикуваат тепко да се изгорат!  Ѕвездите велат дека на овој ден не смеете со ништо да ризикувате. А уште помалку да се правите храбри.

ЛАВ

На 7 февруари Лавовите треба да бидат помеки со другите. Зашто постои опасност да претерате со критики, предупредуваат ѕвездите.

ДЕВИЦА

Девиците ќе мора да им веруваат на другите денес, велат ѕвездите. Ако одлучите да направите сè сами, не можете да сметате на брз, па ни среќен крај.

ВАГА

На 7 февруари Вагите ќе треба да се грижат за себе. Ѕвездите предупредуваат: ако одлучите да го зголемите товарот што веќе го имате, ризикувате да не се справите со задачите и да го поткопате вашето здравје. А здравјето е најважно од се!

СКОРПИЈА

На 7 февруари Скорпиите можат да бидат претерано самокритични. И тоа е она што ќе ја уништува целата работа. Ѕвездите ве поттикнуваат да не заборавите да се пофалите (кога другите не ве фалат, а често од љубомора). Барем од време на време – кажете си дека сте одлични.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците овој вторник ќе мора да се однесуваат како учители. Ѕвездите ве повикуваат само на една работа: бидете смирени. Во спротивно, вашето менторство на 7 февруари нема да има никаква корист.

ЈАРЕЦ

Јарците на овој ден треба да покажат лојалност кон подредените (на работа) или помладите роднини. Ѕвездите велат дека на 7 февруари многу ќе ви значи младата и свежа енергија која не само што ќе ве обнови, туку ќе ви ја расчисти маглата од видикот.

ВОДОЛИЈА

На 7 февруари, Водолиите ќе мора да се однесуваат што е можно повнимателно. Ѕвездите предупредуваат дека овој вторник нечија благосостојба може да настрада и тоа само од вашите постапки.

РИБИ

На 7 февруари Рибите треба да бидат љубезни, тактични и корисни. Дури и ако сакате да се отарасите од нешто што сметате дека не ви е потребно. Ѕвездите велат дека овој ден ќе ги тестира вашите сили – не се изневерувајте себеси!

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....