19:14 - 30 јануари, 2026

Астро прогноза за понеделник, 12 јуни

Овен

Од утрото ќе се бара да бидете максимално прибрани и внимателни, бидејќи ќе треба да ги решавате работните прашања. Но, вечерта треба да ја посветите на уживање, а ѕвездите ве советуваат да внесете и доза на романтика без разлика на тоа што е понеделник.

Бик

На овој ден треба покреативно да пристапите на различни задачи. Ако одите само право напред, ништо нема да се случи. Побарајте решенија и настрана, и ќе имате среќа.

Близнаци

Денес можете самоуверено да комуницирате со луѓето, да воспоставите деловни врски и да најдете нови придружници. Сите нови познанства на овој ден ќе играат клучна улога во иднина. Поточно – овие луѓе ќе имаат одредено влијание врз вашиот живот.

Рак

Целиот ден ќе го поминете на работа, бидејќи во понеделник ве очекуваат многу нови предизвици. Многу е важно да поставите приоритети и да се концентрирате на најважното. Не фаќајте сè одеднаш.

Лав

Во понеделник Лавовите треба повеќе да се грижат за себе и за својот имиџ. Одете на шопинг, опуштете се, посетете масажа, сменете ја фризурата или дури бојата на косата. Сето ова поволно ќе влијае на вашата психичка состојба.

Девица

Треба да запомните дека систематичноста е важна во сè. Ако не гледате брзи резултати, тоа не значи дека воопшто нема да ги има. Трпение-спасение, наскоро ќе пристигнат плодовите.

Вага

Може да имате проблеми во личниот живот. Бидете трпеливи и флексибилни за да избегнете фатални последици. Запомнете дека само љубовта и способноста за слушање можат да ја спасат ситуацијата.

Шкорпија

Денес треба да бидете повнимателни на вашите пари. Не трошете на глупости и на непотребни ситници за дома, а уште помалку на гардероба. Колку и да ве „влечат“ излозите.

Стрелец

Денот ќе биде поволен за стекнување едукација и нови информации. Читајте книги, гледајте документарни филмови, одете на изложба или музеј.

Јарец

Јарците треба да обрнат внимание на нивната внатрешна состојба. Ако нешто ве мачи, не треба да го одложувате решавањето на проблемот за подоцна. Справете се со сè одеднаш за да можете да здивнете подоцна.

Водолија

Водолиите може да немаат среќа во личниот живот. Можеби ќе влезете во љубовен триаголник, што многу ќе влијае на вашата самодоверба. Ако не верувате, подобро проверете.

Риби

На овој ден, треба да ги покажете сите ваши таленти за да бидете забележани и ценети. Не плашете се да се истакнете и да бидете различни од сите други. Тогаш сè ќе ви успее.

Слични објави

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо
Се вчитува....