3.8 C
Скопје
01:12 - 21 декември, 2024

Астро прогноза за петок, 9 септември

Овен

Никогаш не вели никогаш. Иако не сте почувствувале емоции при средбата со една личност, ситуацијата драстично ќе се промени. Големи се шансите дека ќе се сретнете со поранешниот партнер, рака под рака со одредена личност со која ќе изгледа интимно. Ќе се изненадите кога ќе сфатите дека сѐ уште се интересирате за него.

Бик

Денес ќе дознаете нешто за некоја ваша блиска и сакана личност и ќе ви биде тешко да ја прифатите оваа нова информација. На работното место мора подобро да се адаптирате на промените, но и да бидете повнимателни и да обрнувате внимание на сите детали. Во љубовта ќе се исплати вашата храброст.

Близнаци

Ќе имате можност да му ги покажете на партнерот вашите вистински чувства кон него, а ова ќе го подобри односот меѓу вас. И вие и партнерот ќе се чувствувате зрели и „пораснати“, бидејќи сте исполнети личности, кои се свесни за своите квалитети и достигнувања, но и за слабостите и недостатоците.

Рак

Негативната енергија, во вашиот случај, најдобро ќе се отстрани со друштво со сакани луѓе, со пријатни разговори, добра храна, смеење… Уживајте во овој ден и заборавете, барем на момент, на вашата потреба секогаш да бидете во право и секогаш да го водите главниот збор. Така ќе се чувствувате многу подобро.

Лав

Обидете се да остварите заеднички интереси. Партнерот добро ги разбира вашите емотивни желби. Одлично се надополнувате во различни ситуации. Ден на големи промени. Вие би сакале целиот ваш живот да со смените одеднаш. Одлични идеи ќе се раѓаат во вашиот ум, не дозволувајте да останат нереализирани.

Девица

Нова љубов ќе влезе во вашиот живот. Иако можеби мислите дека сѐ уште не сте подготвени за тоа или дека сѐ уште имате чувства кон поранешниот партнер, и самите ќе се изненадите кога ќе сфатите дека ситуацијата се променила преку ноќ. Од денес, веќе не сте истата личност. Уживајте во овој ден и во радостите на животот!

Вага

Дружете се повеќе со пријателите. Денес многу работи ќе ви одат од рака, па ќе забележите некои позитивни нешта. Можно е некаде да отпатувате, на краток пат. Одличната соработка со некоја личност која не е од вашето место ќе ви донесе одлични резултати. Работата можно е да ви зависи од некој повозрасен маж.

Скорпија

По долго време на изолираност, можете да се договорите со колегите да излезете некаде и да се запознаете и во друго светло, надвор од работата. По ова дружење, ќе го подобрите вашиот однос на работа. Ве красат две особини – шармантни сте и комуникативни. Оставате силен впечаток на зрела и културна личност.

Стрелец

Љубовниот односи кои постојат од порано бараат да им пристапите сериозно и да ги преиспитате. Не се оптоварувајте со она што го зборуваат завидливите колеги. Денот ќе ви биде исполнет со позитивни реакции од членовите на семејството. Ќе ги изненадите со вашата грижа и великодушност, кои не ги покажувате.

Јарец

На емотивно поле, ако чувствувате резигнација, размислете за што сте погрешиле кон блиска личност. Никој не е безгрешен или совршен. На професионално поле, потребна ви е добра концентрација и моќ на забележување во различни ситуации. Потпрете се на вашето богато искуство.

Водолија

Наместо да го критикувате и осудувате партнерот, поддржете го и покажете му дека го разбирате и дека сте тука за него. Не гледајте го само вашиот интерес. Наместо да ја расфрлувате енергијата на беспотребни расправии за кои сте расположени веќе извесно време, организирајте романтична вечера.

Риби

Потајно уживате да бидете шокирани и изненадени, иако не сакате да зборувате за тоа. Планетите ви носат изненадување во љубовта, поголемо отколку што можевте да замислите. Средбата со некој кој однатре крие таква оригинална визија за љубовниот живот, ќе ве остави без здив. Ќе бидете импресионирани како никогаш досега.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....