3.8 C
Скопје
01:47 - 21 декември, 2024

Астро прогноза за петок, 10 февруари

ОВЕН

Овенот денес треба да се посвети на љубовните повици. Осамените имаат голема шанса да запознаат драга личност, а оние кои се во врска, може да ги раздрма некоја стара љубов. Не правете глупости, но флертувања се дозволени.

БИК

На 10 февруари едноставно ќе треба да ги слушате постарите (или поискусните) – велат ѕвездите. Дури и ако на почетокот ви се чини дека тие зборуваат нешто што не е сосема точно, послушајте ги. Тврдоглавоста и високата самодоверба денес нема да ви вредат ништо, напротив ќе ве однесат во грешки.

БЛИЗНАЦИ

На 10 февруари Близнаците треба да бидат построги од вообичаено, велат ѕвездите. Тоа се однесува и на личен и на професионален план. Премногу сте ги размазиле луѓето околу вас, вклучувајќи го и партнерот, па затоа денес ќе ви се качат на глава!

РАК

На 10 февруари Раковите како да  зборуваат на различни јазици со другите. Ѕвездите советуваат да бидете „полиглот“ на овој ден – колку што е можно повеќе, односно кога веќе не се разбирате пробајте да читате меѓу редови.

ЛАВ

На 10 февруари Лавовите ќе треба да го стават јавното пред приватното, велат ѕвездите. И тие предупредуваат: довршете ги сите обврски на најдобар можен начин, па дури вечер заслужено примете ја наградата – љубов од оној/онаа што ви значи.

ДЕВИЦА

На Девиците ќе им треба ораторство денес, заедно со вештина на дипломатија. Можеби ова ќе биде потребно не толку за вас колку за некој близок кој се наоѓа во тешка животна ситуација. Помогнете, ќе ви врати Универзумот.

ВАГА

На 10 февруари Вагите не треба да одат во крајности. А таква опасност ќе има,  велат ѕвездите. Ако заземате страна, можете да си го уништите животот.

СКОРПИЈА

На 10 февруари Скорпиите не треба да го задушуваат својот внатрешен критичар. На овој ден токму тој ќе ви помогне да ги пренасочите вашите напори во вистинската насока, велат ѕвездите.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците ќе треба да се вооружат со трпение, велат ѕвездите. Ако на 10 февруари им дадете преголема слобода на емоциите, ќе влезете во грешка за која подоцна ќе се каете.

ЈАРЕЦ

На 10 февруари, Јарците ќе мора да го прават она што воопшто не го сакаат, велат ѕвездите. Ако се надвладеете, ова можете да го сметате за ваша мала победа!

ВОДОЛИЈА

На 10 февруари, Водолијата ќе треба да ја ископа хуманоста и човекољубието од длабочините на душата. Ѕвездите велат дека ова е единствениот начин колку-толку успешно да се заврши овој ден.

РИБИ

На 10 февруари Рибите нема да бидат во свој елемент. Ѕвездите советуваат да не го издржувате само овој ден, туку да го исклучите самиот извор на непријатност и негативна енергија. Така ќе биде подобро за сите.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....