-0.2 C
Скопје
18:32 - 22 декември, 2024

Астро прогноза за недела, 14 мај

Овен
Овенот денес ќе најде причина за радост. Вашата способност да го видите доброто во сè е редок подарок од Универзумот што не се дава на секој човек. Ценете ја оваа особина во себе и немојте да бидете тажни поради малите нешта.

Бик
На 14 мај Бикот ќе мора да се заглави во рутината во домаќинството. Правете општо чистење, средете ги старите работи, исфрлете се што не ви е потрено – така ќе ја расчистите негативната енергија.

Близнаци
На овој ден, Близнаците ќе можат да научат нешто ново. Искористете го искуството на вашите колеги/или роднини и слушајте совети, тие ви посакуваат само добро. Заблагодарете се за помошта и не бегајте од важните обврски.

Рак
Раковите треба да одат на прошетка денес. Поканете го вашиот партнер/ка во кино или во парк, поминете време на свеж воздух. Ваквите моменти им помагаат на луѓето да се зближат, а вие ќе можете отворено да разговарате со саканата личност.

Лав
На 14 мај Лавовите ќе добијат повик кој може да промени се. Можеби ќе бидете многу изненадени од неочекуваните вести. Обидете се да не паничите, ништо лошо всушност нема да ви се случи.

Девица
Девиците можат многу да се налутат денес, ве очекува експлозија од емоции. Сепак, ваквите изливи на гнев нема да ви помогнат да се справите со проблемите. Најдете рамнотежа и размислете за се што сакате да ѝ кажете на личноста која ве налути.

Вага
Вагите на овој ден дефинитивно ќе бидат малку повеќе збунети и конфузни. Не треба да донесувате важни одлуки и да започнувате нешто ново. Се ќе ви испадне од раце, затоа не размислувајте за ништо сериозно и дозволете си малку одмор и средување на мислите.

Шкорпија
Скорпиите ризикуваат да имаат голема кавга со своите роднини денес. Сепак, тешко дека вие ќе бидете причината, најверојатно некој од вашето семејство решил да се однесува нечесно. Не треба да ја осудувате оваа личност, прво слушнете ги сите аргументи, па смирено кажете што мислите.

Стрелец
Стрелците денес треба да „бегаат“ од пријателите и колегите, од телефонски разговори со нив или пак, средби. Направете мала пауза и уживајте во животот без озборувања, интриги и постојани проблеми. Не слушајте туѓи поплаки и скратете го муабетот секој што ќе реши да ви се поплакува.

Јарец
Ѕвездите ги советуваат Јарците малку да забават, да се стишат. Премногу брзате да го изживеете секој миг „во лет“ и не забележувате дека пропуштате многу. Работата и материјалните вредности не треба да станат поважни од семејството.

Водолија
Водолиите треба да се фокусираат на своите цели. Време е да престанете да лебдите во облаците, треба да дејствувате и да не се плашите да направите грешка. Кога се двоумите, прашајте го вашиот најдобар пријател за совет.

Риби
Ѕвездите ги советуваат Рибите да бараат причини за радост. Направете ја вашата омилена работа, повикајте некого со кого не сте разговарале долго време, посетете кино, театар. Топлата комуникација ќе ви помогне да се справите со досадата.

Ако издржат, ќе бидат наградени: Судбината ќе ја тестира силата на два хороскопски знаци во втората половина на мај

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....