-0.2 C
Скопје
08:47 - 18 јануари, 2025

Астро прогноза за четврток, 29 септември

Овен

На емотивно поле, како што ќе минува денот, ќе забележувате дека вашиот личен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. На деловно поле, ќе заминете на неочекувано службено патување. Во главата малку ќе ги проанализирате сите теми поврзани со работата, но нема да носите заклучоци.

Бик

Ситни проблеми од кои ќе имате силна главоболка. На деловно поле, нема да успеете да ги остварите своите планови и ќе бидете разочарани поради тоа. Нема да одат работите како што сте замислувале. Комуникацијата со саканата личност може да биде отежната, затоа што двајцата сте нервозни и тврдоглави.

Близнаци

Оние што се во врска ќе започнат некоја работа заедно со партнерот. Малите работни обврски повторно излегоа на виделина, а за големите ќе треба дополнителни договарања и трпение. Потсетете се што е тоа што го сакате. Не бидете лакоми, тоа што е ваше, ќе си дојде. Не треба да жалите по она што поминало.

Рак

Ќе дојде до деловна кореспонденција која многу ќе ве замори. Станува збор за многу напорен начин на изразување. Во љубовта, не се знае кој денес ќе биде потажен – вие или саканата личност. Не е ден за анализи, туку за утеха и толеранција. Иако имате многу разочарувања зад себе, сѐ уште копнеете по љубов.

Лав

Ве очекува период во кој лесно ќе пламнувате и ќе влегувате во конфликти со колегите, па дури и со надредените. Потребно ви е извесно време за да се посветите само на себе. Во љубовта ќе уживате во вниманието кое го добивате од личноста со која сте започнале љубовна авантура.

Девица

Денешниот ден за некои од вас би можел да донесе нешто ново во работата и кариерата. Нема да биде нималку лесно. Цел ден ќе очекувате состојбата да се разјасни, а кон крајот на денот ќе изгледа уште посложена. Сепак, брзо ќе утврдите каде е причината. Очекувајте реакции, од кои некои ќе бидат и позитивни.

Вага

Склони сте кон драматизирање на нештата. Можете да очекувате дека ќе имате трошоци во текот на денешниот ден, но ништо значајно. Во љубовта ќе имате некои мали проблеми во комуникацијата со саканото лице, но не треба од тоа да правите голема работа. Се случувало и порано.

Скорпија

Денес не се обидувајте по секоја цена да им се докажувате на соработниците и на претпоставените. Не се препорачува да влегувате во караници на работа затоа што околностите би можеле да бидат неповолни. Дајте си себеси и на партнерот шанса да се менувате. Вашиот однос може да се развива на подобро.

Стрелец

Ќе бидете добро расположени и ќе си го исполните денот со забавни активности. Ќе ви годи и друштвото на најблиските, само обидете се да не им судите за сè. Ако сте во врска, односот со саканата личност оди по нагорен пат. Вечерва среќата е на ваша страна, па ако сте сингл направете го првиот чекор. Сѐ е во знакот на емоциите.

Јарец

Тешко дека денес ќе најдете заеднички јазик со саканото лице. Најдобро ќе поминат оние кои ќе премолчат. Што се однесува до работата, креативците денес ќе имаат неверојатна инспирација, додека останатите ќе имаат потреба за обновување на многу нешта во работата. Само така можете да продолжите понатаму.

Водолија

Не е поволен ден за нови одлуки по прашањето работа. Можно е некои планови полека да ви се одложуваат. Во љубовта сте си задале цел – вашата врска да ја направите максимално стабилна, по секоја цена. Дури почнувате и да претерувате во однесувањето кон саканата личност. Се ставате во улога на негов старател.

Риби

Среќни сте бидејќи знаете дека можете да се потпрете на блиските пријатели и колегите кои секогаш ви се на располагање. На љубовното поле, уживате во авантурите и не сте подготвени за сериозна врска. Ве очекува ново познанство, личност која ќе ве привлече од првиот контакт.

Слични објави

Хороскоп за 18 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата, а вие?

apostolova

(Фото) Сите на куп: Драгана Мирковиќ со децата и снаата ужива во луксузот на Дубаи

Еспресо

(Видео) Секогаш насмеана и згодна: Лила Филиповска се присети како изгледала низ времето

Еспресо

Јелена Карлеуша призна, повеќе не ги крие чувствата кон кошаркарот: „Многу ми се допаѓа…“

Еспресо

(Фото) „Сите сме наши, само…“: Јована Јеремиќ се возеше во метро во Америка, патниците непријатно ја гледаа

apostolova

Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек беше тужена од ќерката на Видоје од првиот брак: На сѐ што има право едното дете, право има и другото…

Еспресо
Се вчитува....