19.8 C
Скопје
01:55 - 8 септември, 2024

Ангелски броеви: што се тие, што значат и како ни помагаат во животот, дознајте какви пораки ви носат!

Веројатно ви се случило – понекогаш случајно да се загледате во некои бројки и да забележите дека потоа, во текот на денот или во следните денови, тие бројки постојано се појавуваат. Овие броеви се нарекуваат ангелски броеви, бидејќи тие се сметаат за пораки што ангелите ни ги испраќаат за да комуницираме со божественото. Ангелските броеви се верување (за оние кои веруваат) кое е дел од нумерологијата и кое смета дека овие броеви се способни да пренесат порака од Бога, благодарение на посредување на ангелите.

Ангелските броеви може да се појават и двојно, па дури и тројно одеднаш, обично во чудни моменти и на незамислив начин. Размислете за тоа, можеби ќе забележите некои бројки додека се возите во автобус или, на пример, ќе бидете изненадени кога погледнувате во часовникот секогаш во исто време, кога секогаш во исто време наутро се будите, или често ги гледате истите броеви. Оние кои веруваат во таканаречените ангелски броеви веруваат токму во ова: дека бројките не се ништо друго освен сигнали и индикации за изборот и настаните од нашиот живот! Погледнете ги внимателно бројките со кои се среќавате при патувањата, можеби тие само се обидуваат да ви ги разјаснат мислите и да го отворат вашиот пат додека вие одлучувате за вашиот избор.

Подолу во текстот, ќе го откриете значењето на секој ангелски број и безграничната моќ на универзалните енергии …, па ајде да почнеме!

Во зависност од бројот што го гледате, ангелите ви испраќаат различен сигнал. Затоа, секој број е порака и затоа е важно да го дознаете значењето на броевите од 0 до 9.

0 = Ангелите (или, ако сакате Бог) се обидуваат да го привлечат вашето внимание и сакаат да ве охрабрат во изборот. Ви порачуваат дека ги читаат вашите мисли и ја понаваат вашата вредност, токму затоа ве охрабруваат да не се двоумите туку да го направите вистинскиот чекор – да ја донесете одлуката за која размислувате.
1 = Ангелите ве замолува да останете позитивни и покрај животните неочекувани случувања. Ве поттикнува да се фокусирате на она што го сакате и она што ве смирува, и ве охрабруваат да продолжите понатаму!
2 = Од вас се бара да се сконцентрирате на себеси и на работите што ве прават среќни: вие сте во право и сте во рамнотежа, не слушајте и не подлегнувајте под туѓи мислења.
3 = Ангелите се со вас и ве водат низ патот за да постигнете животно спокојство и рамнотежа.
4 = Јасен знак за присуство на ангели во вашиот живот, тие се покрај вас, дури и денес, па дури и сега!
5 = На пат е промена на подобро во вашиот живот. Прашајте се што сакате и запомнете да пристапувате кон животните ситуации на позитивен начин и со верба.
6 = Ангелите ви го покажуваат патот, ви велат да не се грижите за парите и да размислувате само за вистинските морални вредности. Затоа расмилете – ова е важен миг за вас кој ве води кон голема промена!
7 = Пред вас се нудат многу можности. Мудроста, искреноста, добрината и љубовта се со вас. Сè е подготвено и ќе се одвива онака како што се надевате. Промените што ги очекувавте пристигнаа.
8 = Многу позитивен момент, без економски проблеми, но и без проблеми воопшто. Ангелите ве потсетуваат дека ништо не ви недостасува.
9 = Овој број е поттик. Ангелите ви велат да престанете да губите време, засукајте ги ракавите и верувајте во она што го избирате и што го сакате. Вашите мисли сега заслужуваат ваш напор и внимание.

Ова се значењата на броевите на ангелите, но очигледно дискусијата мора да се продлабочи со двојни и тројни броеви и со сите можни толкувања на оваа комуникација. 

Според експертите за нумерологија, ангелите се мудри и се обидуваат да нè натераат да ги разбереме божествените планови, испраќајќи ни ангелски број или неколку броеви што можат да направат да разбереме информации посветени на нас. Веќе го видовме значењето на едноставните броеви, сега да видиме како да дешифрираме двојни ангелски броеви и различни постоечки комбинации. За да можеме да ги разбереме низите на ангелски броеви и пораки што ги гледаме, доволно е да научиме толкување на десетте основи двојни броеви, а потоа да ги комбинираме. Двојните броеви се нарекуваат уште и мајстори. Еве го нивното најскриено и најдлабоко значење што може лесно да се запамети.

00 = Божественото ви се обраќа и мора внимателно да го слушнете. Прашајте ги ангелите за одговор, а потоа одвојте време во тишина да слушате и разбирате.
11 = Имате позитивен став и доживувате вистинска преродба што (ќе) влијае на вашиот живот.
22 = Ангелите бараат од вас да бидете трпеливи и оптимисти. Обидете се да делувате смирено и со полна свесност, а во тоа може да ви помогне медитацијата.
33 = Ангелите се покрај вас и се подготвени да ви помогнат, ви велат дека го заслужувате ова и повеќе! Она што посакувате ќе се оствари без тешкотии, не се откажувајте при првите потешкотии.
44 = Ангелите ве тешат во ова комплицирано и тешко време. Потребна ви е духовна рамнотежа и тие се подготвени да ви ја дадат. Побарајте што сакате, тие ќе ве сослушаат и добронамерни се.
55 = Живеете важен момент, полн со вести што ќе ве доведат до нова среќа. Не чувствувајте се заробени или турнати во ќош, секоја промена има важна цел што можеби сега не ја разбирате.
66 = Ангелите ве советуваат да го промените вашиот животен стил, да ги откриете радостите на молитвата, медитацијата и верата. Наскоро ќе откриете нова цел во вашиот живот.
77 = Ангелите ви честитаат за вашата работа, ве очекуваат големи задоволства!
88 = Се однесувате на соодветен начин и наскоро ќе ги достигнете своите соништа, имате цврст и сигурен став. Молитвите можат да ви помогнат да ја постигнете целта на свесноста.
99 = Божествениот свет има порака за вас, сака да ви даде чистина на душата. Мора да направите нов скок и да постигнете нови цели, да бидете позитивни, бидејќи најдоброто допрва доаѓа.

pixabay

Исто така, постојат и тројни ангелски броеви, кои се наречени повисоки главни броеви. Овие броеви имаат различни значења и тука треба внимателно толкување.

000 = Се чувствувате како да сте центарот на вашиот свет. Имате толку многу енергија што вашето тело и дух само чекаат да делуваат.
111 = Следете го вашето срце кое ве води во ново патување.
222 = Одржувајте ги емоциите во живот: ангелите ви даваат дар да разликуваат добро од лошо.
333 = Ова е совршен ангелски број! Тоа е сигнал за вас дека најсветото тројство живее во вашето тело и ве штити, вие сте пример за доблест.
444 = Никогаш не се обесхрабрувајте и бидете подготвени да ја дочекате одличната вест што ќе ја пресретнете на вашиот пат.
555 = Пред вас се важни промени кои  произлегуваат од грешките од минатото, но гледаат кон иднината со доверба!
666 = Овој број на ангели не е поврзан со каква било форма на злоба, како што може да верувате. Туку, ова е ангелски број кадешто бројот 3 со своето повторување го создава бројот 6 кој ве повикува да внесете добри луѓе и благодет во вашиот живот.
777 = Совршени ангелски броеви кога е во прашање лекување, во секој случај оваа комбинација на броеви ви помага да ги надминете проблемите во вашиот живот.
888 = За вас нема граници, имате дарежлива и интуитивна природа што ве води да постигнете големи работи. Вие сте моќни и благослови ве водат низ патот.
999 = Ја знаете моќта на само-заздравување, можете да се разберете себеси и знаете како да се поврзете со другите.

Пишува: Фата Моргана 

Слични објави

(Фото) Душко испрати цвеќе во апартманот на Карлеуша, таа се огласи

еспресо

Бајага доживеал полесна сообраќајка по погребот на Бора Чорба

Еспресо

Трогателно: Чола не дојде на погребот на Бора Чорба, еве што направи

еспресо

Шокантни детали за раскинувањетo: Ана Николиќ го демолирала студиото на композиторот Рале

Еспресо

(Фото) Ана Бекута направи гала прослава за 65. роденден: Две торти, огномет и Лепа Брена меѓу гостите

Еспресо

„Тој ќе биде со нас засекогаш“: Се одржа комеморативен собир по повод смртта на Бора Ѓорѓевиќ

Еспресо
Се вчитува....