15:36 - 12 ноември, 2026

Поранешната сопруга на Еминем се обидела да се самоубие: Полицијата ја пронашла Ким во локва крв

Ким Скот, поранешната сопруга на раперот Еминем, била хоспитализирана откако се обидела да си го одземе животот, пишува TMZ.

Ким се судрила со полицијата откако тие, заедно со болничарите, одговориле на анонимен повик дека некој се обидува да си го одземе животот во приватна куќа во Мичиген.

Обидот за самоубиство се случил на 30 јули, а медицинските лица и полицијата ја пронашле Ким како лежи во локва крв. Ким итно била пренесена во болница, каде била подложена и на психолошка проценка. Моментално се опоравува во својот дом, иако не е познато дали поранешната сопруга на раперот има дополнителна помош од стручно лице.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by stanistheone (@stanistheone)

Ким и претходно се обиде да си го одземе животот во 2015 година, а подоцна се покаја и изјави дека Еминем и дал голема поддршка по тој инцидент.

„Тој навистина ме поддржа. Ние сме навистина блиски пријатели. „Се обидуваме да го воспитаме детето заедно и да правиме се најдобро за неа“, рече тогаш Ким.

Еминем двапати беше во брак со Ким. Прво се разведоа во 2001 година, а потоа повторно ги обновија љубовните завети во 2006 година, но нивниот брак траеше само неколку месеци.

Слични објави

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо
Се вчитува....