04:47 - 12 март, 2026

(ВИДЕО И ФОТО СТОРИЈА) ВО КАВАДАРЦИ: Драгица филмски ни ги отвора вратите на нејзиниот легендарен двор!

Во денешниот разговор со Драгица Костоска, дознаваме дека има 36 години и завршено земјоделско-шумарско училиште отсек пејсажна архитектура. А сега, е невработена мајка на две деца и сопруга.

Незјиното Дворче се наоѓа во Кавадарци во Брусанско Маало и за цвеќињата се грижи таа самата.

– Имам многу цвеќиња кои ги сакам. Секое живо растение има своја убавина која многу ме прави среќна од самиот раст па до цветање. Имам и сезонски цвеќиња, повеќегодишни и зимзелени дрвца, како и палми и декоративни треви. Во лето сум повеќе часови во двор од почеток од утринското кафе и гледање во цвеќињата, ни вели Драгица.

– Поминатото време со нив ме прави среќна, задоволна, со позитивна енергија за животот на некое цвеќе. Кога го садиш било мало, а сега го гледаш како ви враќа со многу убав раскош, раскажува нашата соговорничка.

Кога ја прашавме за нејзиното омилено цвеќе, таа ни одговори дека ја цени убавината.

– Убаво цвеќе ми е декоративната трева пампас и криновите, жарчето и кактусите.

Имено, Драгица добро се снаоѓа во зимските услови.

– За мене зимата не претставува проблем, почнувам со прихрана на цвеќињата бидејќи ги имам повеќегодишни што можат да живеат и во зима.

Нејзиниот совет за идните ентузијасти цвеќари е:

– Почнете да одгледувате цвеќе без разлика кое и во кој временски период. Ако го сакате цвеќето, тоа многу повеќе ви подарува убавина.

Инаку, Драгица е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

(ФОТО СТОРИЈА) ВО СЕЛО НОВАЦИ, ВО ЦВЕТНИОТ РАЈ НА ТОМЕ: Сложно семејство, двор гради!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

(ФОТО СТОРИЈА) ЦВЕТНИ ВОЈНИЦИ ВО КОЧАНИ: Совршената симетрија во дворот на Николина е вистинско задоволство за очите и за душата!

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....