11.8 C
Скопје
15:14 - 1 април, 2025

(ФОТО) Спасен млад изгладнет коњ од стан во Дебар Маало: Вработени во скопската зоолошка ќе му пружат ветеринарна грижа и нега

Жители и случајни минувачи од скопската населба Дебар Маало на балкон забележале врзан млад коњ кој изгледал изгладнето.

Следела пријава во МВР по која надлежните служби синоќа организирале спасувачка акција која завршила со среќен крај, информираа од Зоолошката градина во Скопје.


МВР, вработени во ЗОО и инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство излегле на терен, успеале да го спасат и да го згрижат младото животно.

„Вчера на неколку портали беше објавено дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда, а полицијата добила и неколку пријави од граѓани. Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода. Доцна вечерта коњот беше пренесен во Скопје ЗОО каде што ќе му обезбедиме ветеринарна грижа и најдобра нега“,

велат од Скопје ЗОО.

Од ЗОО апелираат да не се измачуваат овие животни и бараат што поскоро да се направи план на централно ниво за што поголема благосостојба на коњите.

Неодамна Здружението за заштита на животни Анима Мунди на социјланите мрежи објави видео на кое се гледа како овие прекрасни животни се измачуваат. На вознемирувачкото видеото коњ влече два големи трупци.

Трупците се претешки, а животното едвај се движи додека трпи удари со стапови по грбот. Од тежината на товарот коњот едвај се движи, се тетерави и удира во оградата. Настанот се одржал во Берово на празникот Ѓурѓовден, а вакво измачување во кое коњите се натпреваруваат во влечење огромни трупци претходно имало и во Сарај, Скопско.


Револтирани, членовите на Анима Мунди бараат брза реакција на инспекторите.

„Итно да се казни организаторот и сите овие лица на видеото, ова дејствие ги има сите елементи на мачење и малтретирање на животни, го прекршува законот за благосостојба на животните и е слика на една држава во која владее безредие и анархија“ , велат од Анима Мунди.

 

Слични објави

Ѓани откри дека постара колешка му дала првпат да проба дрога: „Ме фати параноја, беше пекол!“

Еспресо

„Бев катастрофа“: Џина Џиновиќ направи целосна трансформација, го смени личниот опис

Еспресо

(Фото) Тесно здолниште и високи потпетици: Јована Јеремиќ покажа како изгледала пред 11 години

Еспресо

(Фото) Публиката во паника на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“: Одеднаш сè запре, темница!

Еспресо

(Фото) Сопругата на Огњен Амиџиќ сподели шокантна објава: Човекот е луд, беше пијан! 

Еспресо

(Фото) Мелина Џиновиќ го запали интернетот со своето жешко деколте и го покори Монте Карло!

Еспресо
Се вчитува....