7.8 C
Скопје
22:18 - 25 април, 2024

Во Чучер-Сандево со проф. д-р Светлана Камџијаш: Во природа животот има сосема поинаков вкус

Денот ѝ почнува со мал хор од птици кои како зраци ја сечат густата тишина на парчиња. Потоа се појавуваат виолетови ленти по небото, а од полуотворениот прозорец навира воздух што може да се пие како разреден мед.

Светлана Камџијаш, професорка по филозофија, етика и естетика на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, и авторка на седум книги, одлучи да го напушти центарот на Скопје и барем шест месеци од годината да ги минува во своето ново гнездо, сместено на југозападниот дел на планината Скопска Црна Гора, во селото Чучер.

Како ја донесе оваа одлука, беше ли тешка промената, што ти донесе оваа промена?

– Многу го сакам Скопје, но тешко ми паѓаше насилството од звуци и ѓубрето. Пет години барав место во околината. Траеше долго затоа што е тешко да се најдат сите услови на едно место. Главниот услов сепак беше да го доживеам како прегратка, зашто еднаш една таква прегратка ме излечи и потполно ми ги смени навиките. Некои места го доближуваат човека до самиот себе и до срцевината на живеењето. Понекогаш е потребен таков радикален пресврт.

Како ти поминува денот, колку животот во природа бара откажување од градските навики и кои се твоите денешни, секојдневни, нови навики?

– Денот почнува со мал хор од птици кои како зраци ја сечат густата тишина на парчиња. Потоа се појавуваат виолетови ленти по небото, за разлика од Скопје, овде гледам кон исток, а од полуотворениот прозорец навира воздух што можеш да го пиеш како разреден мед. Го отворам прозорецот и ги гледам водопадите од багреми како да стојам во врвна парфимерија. Во мај булките се гудачките инструменти во оркестарот од бои и мириси.
Разликата со Скопје е што градината бара одржување, особено на пролет. Се случува и по шест часа да поминам во градинарски активности. Некаде прочитав дека додека си во допир со земјата, телото лачи посебен хормон на среќа. Овде убавото е што не си ограничен само на својот плац. Се шетаме по планината каде што береме чаеви, лековити билки и печурки.

Кои животни лекции ги доби од новото опкружување за овој период?

– Кога си во природа животот има сосема поинаков вкус. Дури и пандемијата поминува неосетно.

Дали си посветена на органското градинарење, на производство на домашни производи, на собирање билки…, што најмногу те окупира, што ти го оживува времето, што ти носи задоволство?

– На почетокот бевме многу амбициозни и садевме многу зеленчуци. Сега се ограничивме на домати, краставици, тиквички, салати, блитва, бамји и зачински билки… Органските цреши лани ни ги исклукаа птиците и бумбарите, па ми стана јасно зошто некои крошни во бавчите беа завиткани во мрежи, како да се на фризер (се смее, нз). Оваа година и ние ќе го направиме тоа. Единствено јагодите се црвенеат без проблем, иако желките ги обожуваат.

Какви се условите за развој на селскиот туризам? Прави ли нешто државата на ова прашање?

– Старото село Чучер има извонредна естетика која останала негибната. Извонредна! „Македонските приказни“ се снимаат токму во ова село. Начинот на кој се изградени куќите од камен и глина, прекрасните чешми…, би биле вистинска атракција пред да ги замени невкусот од бетонски тули и пластифицирани фасади. Ех, кога би можело да се зачува како културна реткост со забрана за менување! Тоа го прават умните држави. Но ние ни за Охрид не успеавме да го направиме тоа. Се дозволи ова што се случува во мигот: до манастирот „Св. Никита“, кој е од 1300 година, сега никнува огромен крст опкружен со тули од бекатон.

Пишуваш ли? Кога може да очекуваме од тебе нова книга?

– Се приготвува на тивок оган. Кај мене книгите подолго се крчкаат.

 

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....