1.8 C
Скопје
01:46 - 11 март, 2026

(ВИДЕО) РЕЦЕПТ ОД КУЈНАТА НА ДАВОР ПАНЧЕВСКИ: Домашен бурек кој се подготвува за 15 минути  

Викенд е период кога може да уживате во вкусот на превкусен домашен бурек подготвен со готови кори.

Бидете сигурни дека ќе го зачувате овој рецепт, бидејќи повкусен бурек немате пробано. Иако е подготвен со готови кори, а не со тегнети, разликата и воопшто нема да ја забележите.

фото – приватна архива

Потребни состојки:

– 500 г готови кори

– 200 мл минерална вода

– 100 мл масло за јадење

– 1 пакетче прашок за печиво

– 500 г мелено месо

– 1 средна главица кромид, ситно исечкана

– 1 лажичка мешан сув зеленчук

– 2 лажици масло за јадење

– сол и мелен црн пипер по вкус.

Подготовка

Најпрво подгответе ја тавата во која ќе го подготвите бурекот. Намастете округла тава број 32 со масло за јадење. Во сад на страна промешајте ги минералната вода, маслото за јадење и прашокот за печиво.

Во тава на загреано масло започнете да го пржите ситно исечканиот кромид. Додајте го меленото месо и гответе 2-3 минути на средна температура. Додајте го мешаниот сув зеленчук и зачинете со сол и мелен црн пипер по вкус. Гответе околу 10 минути додека месото не биде комплетно зготвено.

Земете две кори и ставете ги во претходно подготвеното тавче, така што краевите ќе висат надвор од тавата.

Пропрскајте со течноста од минерална вода и масло. Земете три-четири кори, стуткајте ги и ставете ги во средишниот дел од тавата. Пропрскајте со течноста и нанесете од филот со мелено месо. Повторно стуткајте три-четири кори, ставете ги во средишниот дел и пропрскајте со течноста. Нанесете од филот и повторете се додека не ви останат две кори.

Поклопете го цело тавче со последните две кори, оставајќи ги краевите да висат надвор од тавчето.

Превиткајте ги долните и горните краеви навнатре и полејте со преостанатата течност.

Печете во загреана рерна на 190 степени околу 30-40 минути, или додека не добие убава златно кафена боја.

Оставете бурекот малку да се излади, а потоа пресечете парчиња и послужете со шолја јогурт.

Добар апетит и забавно готвење!

фото – приватна архива

Се надеваме дека ќе го испробате овој брз рецепт за бурек со готови кори.

Уживајте во видеото.

 

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....