01:04 - 14 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕ СОВЕТУВА: Внимавајте на здравјето, страшно променливо време во текот на целата недела!

Секоја сабота Славчо Попоски, метео прогнозер, вонредно нè известува какво ќе биде времето во текот на целата седмица.

По невообичаено студениот воздушен бран кој ја зафати нашата држава и го донесе првиот снег на Попова Шапка, според Попоски овој викенд ни следува прекрасно, стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност.

– Преку денот ќе биде топло со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен, додека наутро сè уште ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 11 степени.

Во текот на следната недела, ќе имаме доста променливо време, односно ќе има и сонце и облаци, но и услови за повремен локален дожд. Затоа, внимавајте на здравјето!

– Ќе има услови и за нестабилност, проследена со грмежи и засилување на ветерот. Температурите повторно ќе се намалат, особено од вторник кога ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Сепак, утринските температури ќе бидат повисоки и ќе се спуштаат во интервалот претежно од 8 до 14 степени, вели Попоски.

 

 

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....