23:40 - 6 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Услови за снег, еве во кои делови од државата

– Под влијание на студена воздушна маса од север, за време на овој викенд времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе биде најизразен во текот на денешниот ден. Исто така денес ќе има услови за локални послаби врнежи од снег, особено во северните предели од државава. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени во најтоплите предели од државава – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината викендов времето ќе биде промениво облачно, студено и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 5 степени.

Според Попоски, во почетокот од следната недела се очекуваат повеќе сончеви периоди, но особено долж Повардарието ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро температурите ќе бидат доста ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека на планинските места истите се очекува да се спуштаат и до околу -15 степени, а максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....