22:28 - 6 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Промени, час дождови и ветришта, час – многу сонце! Еве како ќе се одвиваат!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Во вечерните часови облачноста ќе се зголемува, и во текот на ноќта во западните предели ќе започнат врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

Според Попоски, од утре и тоа особено претпладне ќе има врнежи од дожд, додека до крајот на денот врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе бидат нешто пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

– Од среда па натаму ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, а врнежи не се очекуваат. Ќе дува слаб до умерен, повремено и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Температурите ќе бележат тенденција на пораст и тоа поради јужното воздушно струење и истите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, што значи дека истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНИ за овој период од годината, заклучува Попоски.

Слични објави

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.
Се вчитува....