01:59 - 14 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Внимавајте, можни се поплави, еве каде! А на високите планини снег!

– Денес, како и во текот на следните денови и тоа под влијание на влажна и СТУДЕНА воздушна маса, времето во Македонија ќе продолжи да биде облачно и невообичаено СТУДЕНО за овој период од годината со повремени врнежи од дожд. Повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на некои места повторно се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог ( над 50 л/м2 воден талог), нè информира нашиот метео прогнозер Попоски. 

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет, Темпоературите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО под просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Според Попоски поради НЕВООБИЧАЕНО ниските температури на воздухот кој ја зафатија нашата држава, и понатаму на високите планини ќе има услови за врнежи од СНЕГ.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека во изминатите два дена наврна ГОЛЕМО количество на дожд во поголем дел од државава, а се очекуваат и нови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и ново ЗНАЧИТЕЛНО количество на дожд, ќе продолжат да растат нивоата на реките и на езерата во Македонија. Исто така има можност и за локални излевања на реките, особено на оние помали реки, и на оние реки кои се наоѓаат покрај патиштата, со што може да дојде и до локални ПОПЛАВУВАЊА. Токму поради ова особено на возачите им препорачуваме внимателно да управуваат со своите возила, и тоа доколку се движат покрај реките кои се наоѓаат покрај патиштата, предупредува Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....