14:20 - 19 февруари, 2026

(РЕЦЕПТ) ПОЗНАТАТА ТОРТА НА ЏЕКИ КЕНЕДИ: Едноставен и превкусен рецепт од Првата дама за вашата трпеза

Жаклин Кенеди Оназис засекогаш ќе остане запаметена како првата дама на Белата куќа со непоколебливо чувството за мода. Таа сè уште е неисцрпен извор на инспирација за сите нас. Била многу пребирлива и кога станува збор за храна и пијалок, но сакала и едноставни, но квалитетни јадења и колачи. Таква е нејзината позната торта со ореви.

Состојки:

  • 100 гр путер + 2 лажици
  • 200 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 200 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 200 гр павлака
  • 50 гр шеќер
  • 1/2 лажичка цимет
  • 50 гр кафеав шеќер
  • 50 гр ореви

Подготовка:

  • Изматете 100 гр путер со 200 гр шеќер и додајте две јајца (едно по едно), постојано мешајќи. Просејте 200 гр брашно со 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажичка прашок за пециво и половина лажичка сол.
  • Во изматената смеса се додава подготвеното брашно (лажица по лажица) и наизменично се додава по една лажица павлака, додека не се потрошат 200 гр павлака.
  • Во посебен сад изматете 50 гр путер со 50 гр кафеав шеќер, додадете 50 гр сечкани ореви, една лажичка екстракт од ванила и половина лажичка цимет во прав.
  • Намрсете ја тавата со путер, истурете половина од смесата за колачот, посипете со мешавина од ореви и путер и потоа истурете го остатокот од тестото. Одозгора наросете го остатокот од оревите и путерот и печете во рерна на 170С околу 45 минути.

Кога ќе се излади, исечете го на коцки и послужете со кафе.

На здравје!

ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ НИ ПОДГОТВИ ТОРТА СО МАЛИНИ: Без шеќер, а неодолива и слатка!

Слични објави

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо
Се вчитува....