14.8 C
Скопје
14:43 - 17 март, 2026

ПРАЗНИЧНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА СО СЛАВЧО ПОПОСКИ: Дали и времето ќе биде свечено како денов?

Нашиот соработник Славчо Попоски, метео прогнозер, ни кажува какво време ќе имаме за празникот, но и како ќе биде со времето понатаму во септември. 

– До крајот на денов, како и во следните денови времето во Македонија ќе биде умерено, повремено и значително облачно, а ќе има услови и за појава на локален краткотраен дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Најмногу сончеви периоди се очекуваат во сабота, вели Славчо и додава:

– Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.

Под влијание на веќе најавениот топол воздух од југ, пораст на температурите на воздухот се очекува од петок, па за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен, што значи дека топли и летни септемвриски денови сеуште ќе имаме.

И во скопскиот регион денес, како и во следните денови времето ќе биде умерено, повремено и значително облачно, но ќе се задржи релативно суво. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 27 степени.

УВ ИНДЕКСОТ овие денови ќе има умерено висока вредност и ќе изнесува коефициент (6).

Слични објави

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin
Се вчитува....