5.8 C
Скопје
05:09 - 1 април, 2026

ПОСНО ЕМ ВКУСНО: Салата од бел грав, уживајте во гравот на сосема поинаков начин!

Уживајте во гравот подготвен на поинаков начин.

Потребни намирници – 250 грама бел грав, кромид, 50 грама зелена салата, 20 црни маслинки, 3 лажици сечкан свеж магдонос, сок од 1 лимон, сол и црн пипер.

Подготовка

Измијте ја зелената салата и листовите убаво наредете ги на чинија за сервирање. Ако користите грав од конзерва подготовката е многу едноставна. Белиот грав треба да се свари во солена вода на тој начин што зрната ќе останат цели, односно да не бидат преварени.

Сварениот грав исцедете го и оставете го на страна убаво да се олади. Кромидот исечкајте го на ситни парченца. Во посебен сад измешајте го внимателно гравот, кромидот, додадете ги маслинките и ситно исечканиот магдонос.

На крај зачинете со сол, црн пипер и сокот од лимон. Внимавајте да не претерате со лимоновиот сок, дегустриајте па додавајте од лимонот по вкус. Сервирајте ја салатата на листовите од зелена салата.

Слични објави

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо
Се вчитува....