5.8 C
Скопје
01:11 - 1 април, 2026

Неповторливата Тереза Кесовија освои уште една награда – од овие интерпретации лазаат морници ВИДЕО

Легендарната Тереза Кесовија, пејачката со моќен и неповторлив глас и недостижна интерпретација во својата исклучително богата интернационална кариера, има снимено повеќе од 50 албуми и над 1.000 песни, повеќе од триесет ЛП плочи и над седумдесет сингл плочи и десетици ЦД-а. Во текот на својата успешна кариера Тереза има добиено безброј награди и признанија, а денеска се закити со уште една – „Нова плоча“.

Станува збор за најнова награда за придонес на музичката сцена во Хрватска, а оваа година наградата освен Тереза ја добија тројца музичари и една издавачка куќа – Драго Диклиќ (84) и Стјепан Џими Станиќ (93) и дискографската куќа Кроација рекордс.

„Секоја награда претставува признание и за минатата работа, па затоа сум многу среќнa поради оваа награда и наградата што ја доделува дискографската индустрија. Не, не ме прашувајте колку песни сум снимилa во мојата долгогодишна кариера, но исклучително ме радува кога слушам дека сите генерации, од најмали до најстари, ги пеат моите песни. Иако, оваа награда ми беше доделена мене, таа им припаѓа и на сите мои соработници, и поранешни и сегашни, со кои заедно запловивмe по океанот на музиката и љубовта. Не смеам да заборавам да ѝ се заблагодарам на мојата верна публика, која цел живот ми беше инспирација за понатамошно творење и ме туркаше напред – рече Тереза и се заблагодари и на Хрватското дискографско здружение кое ја покрена наградата „Нова плоча“.

Тереза е неуморна, а како што објавија хрватските медиуми, најави дека има уште многу песни што ќе ѝ ги подари на публиката.

– Сакам да им се заблагодарам на малку постарите колеги, тие тоа го заслужија, својата музика ја пренесоа низ целиот свет. Јас сум Тере, така ме викаат и не жалам за ништо, мило ми е затоа што нашата љубов, на твојот Џими и на твојот Фико, е причината што сè уште сме тука и што друго можеме да дадеме на сцената. Имаме уште еден куп песни. Нашите гласови се уште се тука, а и нашата публика – изјави Тереза, пренесуваат хрватските медиуми.

Во текот на 1960-тите и 70-тите, Тереза имаше исклучително успешна кариера во Франција. Нејзината француска кариера тргна во нагорна линија во 1965 година, кога ја испеа „Ла шансон де Лара“ од филмот „Доктор Живаго“, со кој доживеа светски успех.

За време на престојот во Франција, Тереза ​​соработуваше со познати ѕвезди како Серж Лама, Шарл Азнавур, Тино Роси, Жилберт Беко и Рита Павоне.

Таа четири пати ја наполни познатата концертна сала на Олимпија во Париз. А, токму во Олимпија во ноември 2007 година Тереза имаше неповторлива интерпретација на прекрасната балада која кога ја пее Тере предизвикува  морници.

Еве едно потсетување на песната на Серж Лама и Алис Дона „Je suis malade,“  во париска Олимпија и неколку други незаборавни интерпретации.

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....