06:45 - 4 април, 2026

НАТАША СО СИЛНА ПОРАКА ЗА ЗАТВОРАЊЕТО НА БАЗЕНОТ„КАРПОШ“: Платени сте да работите, а не да затварате!

Поради скапата струја не работи ни базенот „Карпош“. Градскиот базен се затвори се додека не се реши енергетската криза во земјата.

Наташа Мешковска, поранешна пливачка, а денес тренер по пливање, не остана „глува“ на ситуацијата.

„Денес се затвори под клуч и единствениот пливачки објект кој функционираше за клубовите и граѓаните, базенот Карпош. Со тоа и официјално се уништи најздравиот спорт за секое дете, за секој човек, пливањето. Спорт во кој имаше врвни резултати и нацијата беше горда на тоа. Образложението е дека има дефект, но никој не верува во тоа. Трошок им е. Затоа нема да работи“ – објави нашата пливачка легенда Наташа Мешковска на својот Фејсбук профил.

Потоа, објасни дека бидејќи „Спортскиот центар БТ е под капа на Владата“ ја повикува новата Влада и новиот премиер да се заложат и да најдат начин базенот пак да биде ставен во функција, акцентирајќи дека е уништено и тоа малку што е оставено во наследство од нашите претци.

– Базените се градени од самопридонес на граѓаните на оваа земја. Платени сте да работите, а не да затварате, додаде Мешко.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....