9.8 C
Скопје
12:43 - 31 март, 2026

КАКВА СУДБИНА: Биле двајца браќа – двајцата паднаа од авионот C-17

Двете лица кои паднаа од авионот C-17 кој полета од Кабул, биле двајца браќа на возраст од 16 и 17 години. 

Според она што се појави на авганистанските социјални медиуми, двајцата илегални имигранти кои паднаа од американскиот авион што го напушти Кабул биле двајца браќа тинејџери. Имаа 16 и 17 години и по професија биле продавачи на лубеници.

Двете момчиња, според полицискиот извештај, биле многу сиромашни: за да преживеат и да се грижат за својата мајка, навечер „чепкале“ по кантите на градот, а наутро продавале овошје.

Телата на тинејџерите – за кои се верува дека се браќа – биле вратени на нивните родители, се вели во извештаите.

Идентитетот на луѓето што паднаа од C 17 официјално не е познат, но еден корисник на Твитер браќата биле соседи на неговата тетка.

„Двете деца што паднаа додека се држеа за американскиот авион беа соседи на тетка ми. На 16-годишна и на 17-годишна возраст, телата ги донесоа дома нивните родители “, напиша корисникот на Твитер и продолжува:

„Двете момчиња продаваа лубеници на пазарите во Кабул и собираа шишиња за да преживеат и да ја обезбедат својата мајка. Двете момчиња беа единствените деца на мајката. Таа нема друго семејство и не знае како ќе преживее под талибанскиот режим“.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....