10:26 - 20 ноември, 2026

Избрана прва жена премиерка на БиХ – Борјана Кришто вети жестока борба против корупцијата

Претставничкиот дом на парламентот на Босна и Херцеговина денеска го потврди назначувањето на кандидатката на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) на БиХ, Борјана Кришто, за претседавач со новиот совет на министри на БиХ.

За Кришто гласаа 23 претставници на партиите на новоформираната коалиција на државно ниво, меѓу кои ХДЗ БиХ, Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД) и членовите на пробосанската коалиција „Осморка“.

Против беа 15 претставници на опозициските партии од Федерацијата БиХ (Партија за демократска акција и Демократски фронт) и Република Српска (Српска демократска партија, Партија за демократски напредок и Движење за правда и ред).

Кришто во своето излагање пред членовите на Претставничкиот дом ја истакна својата определба за европска интеграција и НАТО-патот на БиХ, за политички дијалог и соработка во БиХ, како и за владеење на правото и борба против корупцијата.

Според Уставот, по потврдувањето на именувањето, Кришто треба да ги предложи министрите на новиот Совет на министри на БиХ, чиј избор потоа треба да биде потврден од Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ.

Слични објави

(Фото+видео) Емотивен момент на свадбата на Јована Јеремиќ: се расплака пред гостите, а причината е трогателна

Еспресо

Кремасто задоволство со вишни и чоколадо — рецепт за торта без печење

К.С.

Дневен хороскоп за 20 ноември: Искористете го денот за донеување на важни одлуки, но бидете внимателни

apostolova

(Фото+видео) Мексиканска храна и посебно изненадување: Анастасија покажа како Гудељ го прослави 35. роденден во Мадрид

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан покрај Пула, но три години не може да се всели

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Џејла објавија мистериозни видеа во исто време: „Мислев дека е вештачка интелигенција“

Еспресо
Се вчитува....