22.8 C
Скопје
16:11 - 2 мај, 2024

(ФОТО) ВОСПИТУВАЧКАТА И АНИМАТОРКА НИКОЛИНА Е УМЕШНА И СО ДЕЦАТА И СО СЛАТКИТЕ: За овие чоколадни срца чукаат детските срца!

Стружанката Николина Ангелкоска е мајка на четири деца, по професија е воспитувач, но работи и како детски аниматор за родендени и детски забави. Вели дека познавајќи ја детската психологија, лесно се снаоѓа околу децата. Многу често преку игра или натпревар ги вклучува да ѝ помагаат, па така и на децата им е интересно и Николина полесно успева да ги заврши своите обврски.

Николина ги радува децата со модерно дизајнирани крофни во најразлични бои и секако, со чоколадните срциња што кријат изненадување, фото – приватна архива

Но, Николина не е умешна само со децата, туку и со слатките.

– Љубовта кон готвењето ја наследив од мојата мајка, но посебна желба околу подготовка на слатки добив уште како средношколка, гледајќи ја мојата тетка како ги подготвува најубавите слатки на цел свет, се присетува таа.

Од бројните превкусни слатки што ги подготвува, чоколадните срциња меѓу дечињата, ама и меѓу возрасните, станаа вистински хит.

А има и зошто.

Внатре се полни со слатки изненадувања!

И чинот на кршењето е забавен – се потчукнуваат со чеканче.

– Најчесто ги полнам со мини „Милка“ чоколатца, пралине, гумени бонбони и разни чоколадни ситници на кои се радуваат сите, посебно дечињата. По желба на муштериите, внатре може да се стави и подарок за славеникот како што се часовник, паричник, некоја играчка и слично – вели Николина.

Срцињата ги изработува со помош на силиконски калапи, а за изработка на едно срце потребно е околу 300 грама чоколадо.

Дечињата „побудалуваат“ и по необичните крофнички на Николина. Ја прашуваме во што пак, е нивната тајна.

– Крофничките се најубави кога се тазе приготвени. Многу е важно да се прелиени со квалитетна чоколада, и секогаш кога ги подготвувам обавезно го додавам најважниот зачин…една лажичка љубов, тука се крие тајната!

Се разбира, од оваа кујна не излегуваме без рецепт.

А, Николина е многу љубезна и споделува со нас рецепт за Банана поп кек:

2 позрели гмечени банани, 50 грама растопен путер, 50 грама шеќер во прав 1 пакување ванилин шеќер, 3 лажици кокос, 100 грама мелени ореви, 300 грама мелени бисквити.

Сите состојки се мешаат и се прават топчиња по 30 грама. Се оставаат да се стврднат во фрижидер, а потоа се преливаат со растопено чоколадо.

Банана поп кек, фото-приватна архива
Банана поп кек, фото-приватна архива
Банана поп кек, фото-приватна архива
Банана поп кек, фото-приватна архива
крофни, фото- приватна архива
крофни, фото- приватна архива
крофни, фото- приватна архива
крофни, фото- приватна архива
крофни, фото- приватна архива
крофни, фото- приватна архива
крофни, фото- приватна архива
чоколадни срца со изненадување, фото – приватна архива
чоколадни срца со изненадување, фото – приватна архива
чоколадни срца со изненадување, фото – приватна архива

чоколадни срца со изненадување, фото – приватна архива

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....