12.8 C
Скопје
00:34 - 8 мај, 2024

ИМАН ПРОГОВОРИ ЗА ДЕЈВИД БОУВИ: Го чувствувам неговото присуство, тој не е мој покоен сопруг!

Речиси шест години по смртта на нејзиниот сопруг, манекенката родена во Сомалија, се сеќава на легендарниот музичар како сè уште да е до неа. И токму поради оваа причина таа објаснува дека во нејзиното срце нема простор за друг маж.

Инстаграм

Се запознале на состанок на слепо. Но, тие не биле баш двајца странци: тој – Дејвид Боуви, икона на светската музика и автор на ремек-дела како Stardust и Space Oddity, меѓу многуте други. Таа, пак, Иман, беше една од најбараните манекенки во светот. Но, не го маѓепса само нејзината убавина: беше шармантна, елегантна, интелигентна и културна, зборуваше пет јазици. Неодолив спој на шарм и интелигенција.

Средбата меѓу двајцата можеше да биде само експлозивна, па така и беше: двајцата се вљубиле – тој веднаш, таа по неколку месеци – и животот го поминаа заедно, добија ќерка. Меѓутоа, бракот заврши во јануари 2016 година, кога Дејвид Боуви почина од рак на црниот дроб, со кој тајно се бореше околу 18 месеци.

Неговата сопруга, сепак, и покрај тоа што поминаа многу години, и денес се чувствува во брак со него, како што објасни за „People“ по повод претставувањето на парфемот Love Memoir, посветен на нејзиниот сопруг.

Идејата за создавање на парфем ѝ дошла додека живеела во нивната селска куќа, сместена во планините северно од Њујорк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IMAN (@the_real_iman)

„Во првите неколку години по неговата смрт, беше болно да се поминува многу време таму (во куќата, н.з.). Бев многу тажна и, штом можев, истрчував назад во градот “, објасни таа. „Мислев дека ја обработив во себе загубата, но тоа не се случи“.

Потоа, кога започнале карантините поради пандемијата, Иман имала многу време за себе без да може да излезе од дома, па се посветила на создавање на мирис заснован на бергамот од Тоскана, местото каде што се венчаа. Резултатот, вели таа, е „споменик на вечната љубов“.

Сега кога го нема, „има денови кои се потешки од другите, но сеќавањата не се тажни“, додаде супермоделката.

Таквата голема љубов – продолжи да објаснува Иман, – не и дава можност за уште една сентиментална шанса. Кога нејзината ќерка Александрија „Лекси“ Џонс (21) ја прашала дали би сакала повторно да се омажи еден ден, Иман одговорила дека никогаш повеќе нема да го направам тоа.

– Сè уште се чувствувам во брак со него. Некој, пред неколку години, го нарече Дејвид како мојот покоен сопруг. Реков: „Не, тој не е мојот покоен сопруг. Тој е мој сопруг“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IMAN (@the_real_iman)

Слични објави

(Видео) Запомнете го ова име, Марија Спасовска: Има „Минато“ што ветува блескава иднина

еспресо

Колку чини Евровизија: „Солени“ цени се во игра

еспресо

(Фото) Катарина Ивановска го покажа новиот дечко: Манекенката уживаше со него во Италија

Еспресо

„Игра како стриптизерка, како да…“: Српскиот пејач жестоко удри по Теа Таировиќ

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ направи добро дело, па сега мора да оди на суд поради тоа!

Еспресо

Петар Грашо го коментираше доаѓањето на новороденчето: „Нè радува што гледаме колку луѓе се радуваат со нас“

Еспресо
Се вчитува....