11.8 C
Скопје
10:08 - 28 март, 2026

Зеленски: „Заедно со САД градиме воздушен штит“

„Благодарeност до Џо Бајден и пријателскиот американски народ за уште едно покажување на солидарност: пакет помош што содржи системи за противвоздушна одбрана Avenger и ракети за системите за воздушна одбрана Хок. Заедно градиме воздушен штит за да ги заштитиме мирните Украинци и се приближуваме до победата над агресорот“. Претседателот на Украина Володимир Зеленски го напиша тоа на Твитер, заблагодарувајќи му се на американскиот претседател за новиот пакет воена помош доделен од американската администрација.

Средствата за противвоздушна одбрана се „точно она што е потребно, она што го побаравме“, рече Зеленски во својата вечерна видео порака, осврнувајќи се на вчерашната американска најава за новиот пакет воена помош за Украина во вредност од 400 милиони долари, што вклучува, и ракети за системот за противвоздушна одбрана Хок и четирите системи за воздушна одбрана Avenger, исто така дополнителна муниција за системите Химарс.

Севкупно, САД обезбедија повеќе од 18,6 милијарди долари безбедносна помош за Украина од почетокот на инвазијата на Русија на 24 февруари.

Слични објави

Дарко Лазиќ за смртта на братот: „Да можев да го вратам, никогаш повеќе не би запеал“

Еспресо

Хороскоп за 28 март: Овни, сочувајте го достоинството пред партнерот, Раковите се сосема занесени со саканата личност

Еспресо

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо
Се вчитува....