12:59 - 27 ноември, 2026

Вучиќ најави прекин на испораките на нафта од Русија за Србија поради санкции

Србија од 1 ноември повеќе нема да добива нафта од Русија поради санкциите. Црното злато повеќе нема да и се доставува на земјава со танкери преку Јадранско Море, а подоцна и со нафтовод низ Хрватска, изјави претседателот Александар Вучиќ, обраќајќи им се на граѓаните.

„Што ќе правиме со струја, нафта? Од 1 ноември за нас нема да има руска нафта, ќе бидеме под санкции“, ги цитира Риа Новости зборовите на српскиот лидер.

Според Вучиќ, Србија бара алтернативни суровини. На крајот на јули, српскиот претседател најави дека земјата ќе биде во непрогласена вонредна состојба во следните осум месеци поради светската криза и нејзиното влијание врз снабдувањето со енергија. Тој истакна дека ситуацијата во државата е најтешка во последните десет години.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо
Се вчитува....