7.8 C
Скопје
23:24 - 30 март, 2026

Во Шведска жена избодена со нож за време на политички митинг, убиена на „лице место“од националист

Немало како да се интервенира и да се спаси 60-годишната жена, која вчера била убиена од 33-годишен неонацист.

60-годишна жена е избодена и убиена во Шведска: трагедијата се случила за време на политички митинг во Висби. Наоаѓачот, запрен од случаен минувач, е 33-годишен маж кој припаѓа на неонацистичката група Нордиско движење на отпорот: полицајците го истражуваат мотивот за убиството.

Според шведскиот весник The Local, жртвата е 60-годишна жена прободена со нож во градите од напаѓачот, 33-годишен маж поврзан со неонацистичка група во Шведска, Нордиското движење на отпорот. Луѓе побрзале да ја однесат во болница, но жената набргу потоа починала пред амбулантното возило да пристигне. Трагедијата се случила на островот Готланд, на Балтикот, за време на национална конвенција на политичарите: како што пишува весникот нападот се случил на местото каде што требало да зборува претсавник од центристичката партија.

69-годишен пензионер кој турнал на земја напаѓачот. Ларс Ројтерберг, пензионерот, вели дека слушнал како некој вреска и го видел триесетгодишниот убиец како прескокнува ограда.

– Го видов, мислев дека грабнал чанта или нешто слично. Кога помина покрај мене, силно го турнав на земја.

Веста за смртта на избодената жена за време на политички митинг ја шокираше цела Шведска. Шефот на полицијата во Готланд, Фредрик Персон, на прес-конференција рече дека е започната истрага за да се обиде да се разбере мотивот што го натера 33-годишниот убиец да го направи лудиот гест:

„За жал, можам да пријавам дека една жена почина од сериозни повреди. Истрагата моментално се уште е во тек“.

 

Слични објави

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) Хрватските претставнички на Евросонг ја обработија легендарната евровизиска песна и ја подигнаа публиката на нозе – се огласи и Руслана

Еспресо
Се вчитува....