8.8 C
Скопје
11:35 - 1 април, 2026

(Видео) Бајден го повика Путин да не користи хемиско или нуклеарно оружје

Американскиот претседател Џо Бајден го повика рускиот претседател Владимир Путин да не користи тактичко нуклеарно или хемиско оружје за да ја врати изгубената територија во Украина.

Во интервју за Си-Би-Ес, на прашањето што би му рекол на Путин доколку размислува за употреба на такво оружје, Бајден одговори:

„ Немој. Немој. Немој. Тоа би ја променило војната како ништо досега, како ништо од Втората светска војна“. Нашиот одговор ќе зависи од степенот на она што тие го прават. За да се спротивстави на украинскиот напредок, Путин би можел да ги мобилизира резервните сили, кои се околу два милиони, или да го прекине гасот за Европа и на тој начин да ја принуди Украина да се повлече“ изјави Бајден.

Путин предупреди дека Москва би можела да возврати посилно доколку нејзините сили бидат под дополнителен притисок, што ја зголеми загриженоста на Западот дека би можела да прибегне кон неконвенционални средства како нуклеарно или хемиско оружје.

 

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....