17:37 - 31 јули, 2026

ТАНЕЦ И ВЛАТКО СТЕФАНОСКИ: Отворањето на „Есенски музички свечености“ 2021

Ве известуваме на отворањето на 22. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021 на 05.11.2021г. (петок) со концертот на Националниот ансамбл „Танец“ и Влатко Стефановски, со почеток во 20:00 часот во Салонот на Националната опера и балет. Билетите се во продажба на karti.com.mk и пред почетокот на концертот во Националната опера и балет. Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани.

ТАНЕЦ И ВЛАТКО

Концерт на „Есенски музички свечености 2021“

Националниот ансамбл Танец повеќе од седум децении ја остварува својата културна мисија на негување и презентирање на македонското фолклорно творештво во земјава и надвор од неа. Генерации и генерации играорци, пејачи, музичари, кореографи, со огромна љубов ги чуваат народните игри и песни, обичаи и носии и преку успешните рафинирани кореографски поставки го презентираат македонскиот бит пред светот. Танец е бренд каде и да настапи на земјината топка. Ја освојува публиката со својата професионалност и совршениот изведувачки израз, со кој автентично се афирмира сета убавина на нашето фолклорно наследство.

фото: приватна архива

Влатко Стефановски е стар пријател на Танец, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапено со ансамблот, и дома и надвор. Секогаш соработките со Танец ги истакнува како особено значајни и инспиративни за неговата музика, како за македонската музичка култура во целост. Но, иако македонските фолклорни мотиви, како и фрагментите од репертоарот на Танец се неизоставен дел од неговите изведви, Влатко, освен повремените еднократни настапи со Танец, никогаш досега не остварил целовечерен концерт со ансамблот. Конечно дојде и тој момент кога овие два бренда ќе ја делат сцената на голем концерт, за кој аранжманите на антологиските ора „Пелистерско“ , „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии на „Елено, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, специјално ги напиша познатиот македонски композитор, аранжер и инструменталист, Дамир Имери. Оваа врвна фузија, од која излезе уникатно парче музика, заслужува и достојна концертна промоција која ќе се случи токму на овогодишната манифестација „Есенски музички свечености“.

фото: приватна архива

Слични објави

А каде е Јелисавета? Павле Менсур замина за Хрватска без девојката, а еве кој му прави друштво

Е.А.

Важеше за голем хуманитарец, а една песна му го промени животот – денеска се навршуваат 15 години без Луис

Е.А.

Ѕвездите носат пресврти: Што им носи првиот викенд во август на хороскопските знаци?

Т.Ц.

Маја Беровиќ за кариерата, рекордите и односите меѓу пејачите

Е.А.

„Јас синоќа една прецртав“: Марија Шерифовиќ си исполни голема желба, па откри која е

Еспресо

Обожавателка го гаѓала Слоба Радановиќ со чизма откако одбил да ја бакне

Еспресо
Се вчитува....