22:23 - 6 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Со какво време ќе ни тргне работната недела?

– Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност. Повеќе облачност ќе се задржи во јужните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени.

Според Попоски во следните денови времето ќе се задржи сончево со мала, повремено и локално и позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштат до околу 0 степени, додека понекаде, и тоа особено на повисоките и планинските места истите ќе се спуштат до околу -3 степени, со што локално е можна појава и на слаб мраз. Максималните температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.

Слични објави

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.
Се вчитува....