-5.2 C
Скопје
01:54 - 23 декември, 2024

Синдикатот до Уставниот суд – повикајте ги газдите на работа во недела, да видат како е!

Сојузот на синдикатите на Македонија го повикува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Стопанската комора на Македонија која се однесува на оспорениот Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, во делот за работа во недела, бидејќи, како што велат, е спротивна на Уставот.

Синдикатот смета дека со иницијативата ќе се задре во веќе утврдено право на непрекинат неделен одмор што се состои од најмалку 24 часа, за период од седум дена, на илјадници работници во државата.

„Го повикуваме Уставниот суд веднаш да ја отфрли иницијативата на Стопанската комора која е спротивна на Уставот, а ги охрабруваме почитуваните судии разгледувањето на иницијативата и нејзиното отфрлање кое е предвидено за во среда, да ја одложат точката и седницата да ја закажат оваа недела и расправата да ја продолжат во денот недела. Да ги повикаат сите работодавачи од Стопанската комора на Северна Македонија кои се многу загрижени да им се дозволи да работат во недела за да почуствуваат како се чувствуваат и нивните колеги работници кои досега работеа во ден недела без ограничување и без за тоа да бидат платени. Но се сомневаме дека газдите ќе дојдат, поради тоа што сите или 90 отсто од нив ќе бидат по монденските одмаралишта на продолжени викенди на грбот и од потта на работниците кои со нивниот труд им го ствараат капиталот, а ние работниците и оваа недела и секоја наредна ќе бидеме во судница на покана на Судот,  велат од ССМ.

Сојузот на синдикатите на Македонија како репрезентативен синдикат и национален социјален партнер во државата, се вели во соопштението, беше иницијатор и најголем поддржувач на законските измени со кои денот недела е уреден како неработен ден за најголемиот број на вработени во државата и затоа нагласуваме дека недела конечно е ден на неделен одмор и е реалност колку и тоа на одредени работодавачи да не им се допаѓа.

„Работниците веќе го чуствуваат бенифитот од ова право, ден на неделен одмор да биде недела кое е уредено во Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи Сл.Весник бр.288 од 21 декември 2021 година и Законот за изменување и дополнување на Законот за трговијата Сл.Весник бр.295 од 27 декември 2021 година што е во целост согласно горенаведеното и член 32 од Уставот на Република Северна Македонија дека секој вработен има право на платен неделен одмор и дека од тоа право работниците не смеаат да се откажат, а работодавачите не смеат да го ограничат“, велат од ССМ.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....