11.8 C
Скопје
07:00 - 20 мај, 2026

Жесток говор на Вучиќ во српското Собрание -„Се заколнав, никогаш нема да го признаеме Косово“!

Се заколнав на Уставот на Републиката дека Србија никогаш нема ни посредно ни непосредно да ја признае независноста на Косово и Метохија, ниту ќе се откаже од својата легитимна борба за државните и националните интереси и почитувањето на меѓународното право, порача претседателот на Србија Александар Вучиќ на специјална седница на српското Собрание на која беше претставен „Извештајот за преговарачкиот процес со привремените институции на самоуправата во Приштина“, од 15 јуни 2021 година до 1 септември 2022 година.

Тој во своето обраќање пред пратениците додаде дека „хистеријата“ на меѓународната заедница околу војната во Украина се одразува и на борбата на Србија за најважните државни интереси.

„Државната политика во претходниот период беше водена меѓу саканото и можното. Со тоа што желбите на граѓаните се нереални и максималистички, додека можностите ни се многу оскудни“, вели Вучиќ.

Тој додаде дека за проблемите кои се „болни за нацијата“ мора да се пристапи одговорно – со дефинирање на заедничка цел.

„Народното собрание е единственото место каде разговорот за ваквото прашање може да се води длабински“, вели Вучиќ.

Претседателот на Србија кажа дека на Косово мора да се најде живот и за Србите и за Албанците и истакна дека „тоа е задача која мора да се заврши за Србите да опстанат како народ“.

„Србија на никој начин не учествува во генерирањето криза, ние сме доследно определени за дијалог. Мирниот начин е единственото решение на проблемот, бидејќи конфликт би бил катастрофален за цела Србија“, изјави Вучиќ.

Тој порача дека за Косово мора да се понуди реално решение и дека реалната политика не може да почива на митови.

„Мораме да избегнеме ризици кои често не успеваме да ги избегнеме, да не гинеме залудно, да размислуваме како да развиеме сателити и вештачка интелигенција и да ја засилиме софтверската индустрија, и тоа ќе му даде нов живот на нашиот позитивен мит“, изјави Вучиќ.

 

Слични објави

Еве каде е пораснат Јаков Јозиновиќ, 20-годишното момче кое ја распродаде Белградската арена

Е.А.

 Рамен стомак и мускули –  Наташа Беквалац се соблече во костим за капење

Е.А.

„Со Соња зборувам, ама…“ – Жељко Шашиќ по 30 години кариера закажа прв голем концерт во Белград па откри како реагирала поранешната сопруга

Е.А.

Италијански дизајн, врвна изработка и удобност што се чувствува — со новата колекција на „Viktor Chevignon“ чекорете во вистинска насока

Еспресо

Софистицирана, шик и впечатлива: Со новата колекција на Glam and Glow ќе бидете во тренд и оваа пролет

Еспресо

Бресквица го празни својот плакар и продава модни парчиња од „Шанел“, „Диор“ и „Луј Витон“

Еспресо
Се вчитува....