8.8 C
Скопје
03:17 - 18 март, 2026

СИ НАЦРТАВ ЖИВОТ: Нов албум на 21 ВЕК

21 ВЕК го објави својот трет студиски албум насловен „СИ НАЦРТАВ ЖИВОТ“ кој од денеска, под етикетата на „Пасворд Продакшн“, е достапен на сите поголеми дигитални музички платформи.

Бендот 21 ВЕК е изнедрен од пост-панк круговите на македонската алтернативна сцена и формиран од долгогодишните соработници и другари: Васко Атанасоски – вокал, Дени Крстев – гитара и програмирање и Раде Јордановски – бас. Докажани имиња за музичките познавачи кои публиката ги препознава и како членови на култните Bernays Propaganda, ХАХАХА, FxPxOx, Fonia и My Tear. Сега, со новиот албум групата се покажува во сосем поинакво светло од она на кое сме навикнати од нив во минатото. Tажните мелодии и љубовните текстови се основата на новиот албум и звук на 21 ВЕК кој „СИ НАЦРТАВ ЖИВОТ“ го најавува како љубовно-исповедничка плоча, базирана на вистински настани.

Албумот е сниман во долг период (од 11 јануари 2020 до 17 јули 2021), во Студио 1060 од страна на Дени Крстев кој воедно е и продуцент на ова издание кое носи осум нови песни. Сите песни ги напиша бендот, а насловната страна е на Дамеска Дона.

Групата претходно го најави албумот со два сингла кои беа објавени и со видеозаписи во режија на Милан Блажевски, првиот објавен во јуни годинава за песната „Ужасно ми фалиш“, а кон крајот на август излезе и видеото за „Сама види си“.

21 ВЕК со „СИ НАЦРТАВ ЖИВОТ“ веќе има 3 албуми и има оствирено концерти низ Словенија, Хрватска, Холандија, Франција, Србија, Унгарија, Македонија и Чешка. Во август тие беа дел од програмата на главната бина на Д ФЕСТИВАЛ во Дојран, а нивниот следен настап е веќе овој викендна 10 септември во склоп на мултимедијалниот фестивал „Кокино – Тврдина на сонцето“.

СИ НАЦРТАВ ЖИВОТ“ е објавен под етикетата на „Пасворд Продакшн“ и од денеска е достапен на сите поголеми дигитални музички платформи, како и преку официјалните страници на 21 ВЕК.

Слични објави

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....