08:11 - 12 март, 2026

Каква порака прати водачот на Северна Кореја кој прв пат јавно ја прошета својата ќерка?

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за прв пат на светот му ја покажа својата ќерка на фотографиите на кои се гледаат двајцата пред лансирањето на најголемата балистичка ракета на таа земја ден претходно.

Како што пишуваат некои медиуми појавувањето на ќерката на лидерот на Севрна Кореја ги зголемува шансите водењето на тоталитарната држава да премине на четвртата генерација на семејството Ким и сугерира дека нуклеарното оружје ќе биде дел од тоа наследство, оценуваат западните аналитичари.

„Ова е прва прилика во која ја видовме ќерката на Ким Џонг Ун на јавен настан“, кажа Мајкл Маден, експерт за севернокорејската политика во Стимсон центарот во Вашингтон.

И сопругата на Ким, Ри Сол Ју, која исто така ретко се појавува во јавност, беше вчера на лансирањето, јави КЦНА.

„Кога и да се појави Ри во јавноста, се испраќа стратегиска порака. Обично таа се појавува со Ким за да се намали тензијата или да се покаже кохезијата во семејството Ким во време на внатрешни проблеми во државата“, вели Кен Гаусе, експерт за Северна Кореја од американската истражувачка организација ЦНА.

Слични објави

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova
Се вчитува....